Премиерот Димитар Ковачевски, преку видео обраќање, се заблагодари на сите владини претставници во овој и во минатиот состав за трудот што го вложиле за реализација на едно од најважните ветувања на Владата, просечна плата од над 30.000 денари.
„Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно – директно во приходите на граѓаните“, напиша Ковачевски на Фејсбук во постот во кој е прикачено и видео обраќањето.