НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) СОНК и Владата се договорија за зголемување на платите за 12 проценти, на потег е членството

0
By Sashko on April 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Штрајкот во образованието не е официјално прекинат, но оди во таа насока, откако претставници на СОНК и Владата попладнево договорија зголемување на платите за 12 проценти, почнувајќи од месец јули. Ова го истакна претстедателот на СОНК, Јаким Неделков по средбата во Владата на која учествуваа министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика,, Јована Тренчевска, премиерот Димитар Ковачевски, но и директорката на Европската конфедерација на синдикати во образованието, Сузан Флокен.

„Членството ќе биде детално информирано за разговорите и се надевам дека во интерес на децата, во интерес на учениците, во интерес на родителите, на нашите вработенби кои штрајкуваа и севкупно во интерес на државата, штрајкот ќе заврши на општо добро и задоволство на сите. Жалам што минавме толку денови во штрајк, а не најдовме евентуално решение многу порано“, порача Неделков.

Конечниот збор за прекин на штрајкот, СОНК ќе го соопшти утревечер и доколку одговорот на членството биде позитивен, тогаш учениците би требало да се варатат на настава од среда.

Денешните разговори со претставниците на Владата кои траеја три и пол часа, ги опиша како „тешки и макотрпни преговори“.

„Извршивме сериозни анализи на нашите барања што беа доставени до ресорните министерства од една страна и аргументите на Владата од друга страна. На крајот се усогласивме со ставовите и во рамки на можностите на државата, дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите од 12 отсто кој би почнал да се применува најдоцна од јули, со завршување на ребалансот на Буџетот“, истакна Неделков.

Тој нагласи дека биле отворени и договарани и други прашања, како изработка и усогласување на Колективни договори за детска заштита, за основно и за средно образование кои се однесуваат на приправници, за патни трошоци, за регрес за годишен одмор ќе се регулираат со Општиот колективен договор. Со резултатите од денешната средба, најави Неделков ќе биде запознато членството во текот на денот, а за утре се најавени и состаноци на регионални одбори.

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.