Страдањата на граѓаните во Сирија продолжуваат, каде и џихадистите на ИСИС и режимот на претседателот Башар ал Асад ја растргнуваат земјата. Видео од волонтер во Алепо, сведочи за тоа.
Проектилот на видеото се верува дека е испален од силите блиски на ал Асад, а во овој напад загинале 32 луѓе.
Случувањата се документирани при спасувачките напори додека медицинските екипи им помагале на жртвите на бруталниот напад. Камерата била прикачена на шлемот на еден од волонтерите.
Градот Алепо е најголемиот во Сирија, и пред граѓанската војна бил културен и комерцијален центар на северот на земјата. По неколкугодишните брутални борби, поголемиот дел од градот е во урнатини.
Сиријската Опсерваторија за човекови права вели ова е само еден од речиси 40.000 воздушни напади кои режимот на Асад ги извршил во земјата од октомври 2014 година, при што загинале над 6.000 цивили.
Владините сили го контролираат западниот дел од градот, додека бунтовничките сили го контролираат истокот.