Тројца мртви и осум ранети е балансот откако 15-годишно момче пукаше во средното училиште во американската сојузна држава Мичиген.
Станува збор за тројца негови соученици, а меѓу ранетите има и еден
професор. Двајца од ранетите биле оперирани, а шестмина се во стабилна состојба. Мотивот на напаѓачот не е познат.
Осомничениот, за кој се верува дека дејствувал сам, не открил ништо на
полицијата и побарал адвокат откако неговите родители го советувале да не зборува.
Ова е последното во серијата престрелки во училиштата во САД кои датираат од пред неколку децении.