Градоначалникот на Чернихов, Владислав Атрошенко објави видео снимено од автомобил кој минува низ градот во кое се прикажуваат целосно уништени куќи. додека од некои сè уште излегува чад.
Истакна дека градските гробишта се полни и оти немаат повеќе место за починатите лица.
„Повеќе нема место на градските гробишта, па починатите лица ги чуваме во мртовечници и во фрижидери подолго одошто е вообичаено. Ги закопуваме луѓето во стари гробови кои некое време не се користени“, рече Атрошенко во видеото додека се вози низ градот.
Mayor of Chernihiv Vladislav Atroshenko showed what the invaders did to the city.
“We are in a war zone. It is extremely dangerous here” pic.twitter.com/sOVRKURO0w
— Станислав (@Pride00001) March 23, 2022
Запрашан за бројот на починати во текот на вчерашниот ден и утрово од лице кое го снима видеото, градоначалникот рече дека градот не води статистика, но дека сите случаи ќе ги решава Обвинителството.
„Овде имаше директен удар. Таму гори трактор. Моментно се наоѓаме во воена зона. Многу е опасно да се биде овде“, порача Атрошенко.
Чернихов веќе со недели е под силни напади на руските сили.