Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел денеска пристигна во посета на Киев. Високиот гостин од Европската Унија (ЕУ) беше пречекан лично од претседателот Володимир Зеленски.
Двајцата дискутираа за санкциите против Русија, за одбраната на Украина, за финансиската поддршка на државата, како и за прашалникот за членство во Европската Унија (ЕУ).