НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Зеленски: Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата на и околу АЕЦ Запорoжјe може да гарантира враќање на нормалната нуклеарна безбедност

0
By Sashko on August 18, 2022 СВЕТ
Фото: tass.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Украинските дипломати, нашите нуклеарни научници и МААЕ се во постојан контакт, сега работат на испраќање на мисијата на МААЕ во АЕЦ Запорижја. Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата во и околу АЕЦ Запорижја за украинската држава, за меѓународната заедница и за МААЕ може да гарантира постепено враќање на нормалната нуклеарна безбедност“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Тој нагласи дека руската армија мора да се повлече од територијата на АЕЦ и од сите соседни области и да ја одземе воената опрема од станицата. Тоа треба да се случи без никакви услови и што е можно поскоро.

Зеленски истакна дека Украина е подготвена да обезбеди соодветна контрола од страна на МААЕ, а соодветната мисија може да биде испратена до АЕЦ Запорижја на легален начин, многу брзо и што е можно поефикасно.

Соопшти и дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш веќе пристигнал во Украина и ќе работат на потребните резултати за Украина.

Тој ги повика Чилеанците и сите слободољубиви луѓе во Латинска Америка да ја шират вистината за војната на Русија против Украина и да ја поддржат политиката на санкции чија цел е терористичката држава да плати највисока можна цена за теророт.

Претседателот информира дека потпишал нови укази за наградување на украинските војници. На 230 војници на Вооружените сили на Украина им беа доделени државни награди, од кои 43 постхумно. Исто така, на 24 вработени во Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина им беа доделени државни награди.

„Сите наши војници, нашата армија, нашето разузнавање, граничарите, Националната гарда, СБУ и сите вклучени во заштитата на нашата држава и народ прават се што е можно за да ги победат руските терористи и да ги истиснат од украинската земја“, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател информираше најтешките борби во моментот кои се водат од Авдијивската насока, Бахмутската насока, Харковската област и некои други. Се заблагодари на сите што го издржуваат овој притисок, што ги бранат позициите и им помагаат на војниците. Во Запорожиската област, посочи Зеленски, во некои региони на југот на земјата, окупаторите се обидуваат да ја подобрат својата состојба, но стратешки тоа е безнадежно за нив.

„Украинските војници чекор по чекор ќе го уништуваат потенцијалот на окупаторите и ќе дојде ден кога непријателот ќе загине во Запорожје, на југ, на исток од земјата и на Крим. Напаѓачите ќе умрат како роса на сонцето, а нашата одбрана е и ќе биде ова сонце“, дециден е Зеленски.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.