Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче

0
By Zoran Ivanov on March 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинетиот Боре Видевски и денеска ги негираше исказите дадени во обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче. На судењето во Основниот кривичен суд во Скопје тој денеска одговараше на прашања на обвинетиот Палевски и на судечкиот совет. Претходно, обвинителките ги прочитаа неговите искази дадени во текот на истрагата во декември 2023 година во кои во едниот Видевски ги признава злосторствата, а потоа вели дека бил под тортура и присилен да го каже тоа.

Обвинетиот Видевски одговарајќи на прашања на Палевски денеска изјави дека ги негира сите наводи изнесени пред обвинителството. На прашањето дали некој полицаец или обвинител го прашал за поседување оружје, тој одговори: „Мислам дека не, поточно, сигурен сум дека не ме праша.“

Во врска со фотографијата од Панче Жежовски, која според обвинителството му била испратена од Велибор Манев, Видевски изјави: „Кој било може да ми прати слика по грешка што нема врска со мене, така што игнорирам многу работи така.“

Видевски, исто така, нагласи дека сликата никогаш не му била покажана, ниту спомната од страна на обвинителството.

Во продолжение од расправата, судијата Ивица Стефановски го прашуваше во врска со снимките од домот на Велибор Манев на кои се гледаат радио станици, за кои Видевски изјави дека прв пат ги гледа.

Прв пат ги видов и мислам дека беа за проба донесени, да видиме дали работат, рече тој.

На прашањето дека на снимките се гледа дека на одреден датум обвинетиот доаѓа кај Велибор Манев со својата Шкода, односно за причината за таа средба, тој одговори дека не ја знае причината.

Не сум сигурен воопшто за саатницата, мислам дека не е во раните утрински часови, туку е навечер, причината поради која се случува не знам ни сам, мислам дека ми се јави да дојдам и ми рече да се спуштиме по патот и ми ги даде ракавиците, без да размислам ги ставив и продолживме надолу по улицата, но, се вративме брзо, за десетина минути бидејќи не видов никаква цел каде што треба да се оди, ми беше глупо и се вративме, рече тој.

Во однос на оружјето, Видевски одговори дека не е љубител на оружје и дека го купил од помодарство и не знае кога го дислоцирал од својот дом.

Не се сеќавам каде го имам дислоцирано. Не сум љубител на оружје, купено е од помодарство пред 20-30 години бидејќи имаше прилика да се набави дозвола. Не можам да ви наведам посебна причина зошто сум го изнел од дома, рече тој.

Видевски беше прашан дали некогаш имал закани од Палевски, на што одговари негативно.

Никогаш, рече тој.

Претходно за овој случај беше сослушан обвинетиот Велибор Манев кој детално ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче за кои посочи дека координатор и оној што ги извршил убиствата е Љупчо Палевски.

Преостанува да бидат сослушани и обвинетите Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Судењето продолжува на 2 април 2025 година.

 

Вања негира палчо видевски судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.