Ванкувер: Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако.
Најголемо намалување на бројот на милионери има Нигерија од 48 отсто, а потоа Бразил и Русија со 28, односно 26 отсто.
САД и покрај тоа што се на деветтото место со раст од 62 отсто, сепак се на прво место во светот со речиси 5,5 милиони милионери.
Виетнам, чија економија е во пораст како Кина и Индија, со раст од 98 отсто, денеска има 19.400 милионери, според „Вижуал Капиталист“, кој прецизира дека извештајот се наведени поединци кои имаат ликвидно инвестициско богатство од еден милион долари или повеќе.
Во Европа најмногу милионери имаат Швајцарија, Португалија, Италија, Франција, Германија, Грција и Велика Британија, кои бележат намалување и денеска ги има 602.500. Сите оние европски земји кои бележат раст на милионери се рангирани до 22 место.