Скопје: Македонските репрезентации во традиционално карате на ЕТКФ, Европскиот шампионат што викендот се одржа во Скопје, освоија вкупно 87 медали и тоа 19 златни, 18 сребрени и 50 бронзени.
Во повеќе категории и дисциплини се натпреваруваа деца од 6 до 13 години, како и кадети, јуниори и сениори, а учествуваа 358 натпреварувачи од 15 држави.