На годинашниот Вимблдон нема да има ковид рестрикции , па и најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата на овој турнир.
Организаторите на турнирот „All England Club” соопштија дека нема да има ковид рестрикции на овогодинешниот Вимблдон како и дека од учесниците нема да бараат сертификат за вакцинирање.
„ Не постојат никакви планови за корона рестрикциите овој пат, после две години“ соопштија организаторите.