Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Вистинската Моника Зајкова е жена која го сака животот и се труди да го води на прилично здрав начин“

0
By Marija Todorovska on April 10, 2024 ИЗБОР
Моника Зајкова
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Моника Зајкова е храбра млада дама кој умешно плови во политичките води години наназад, а како лидерка на политичка партија вели дека одговорноста за напредокот на земјава е уште поголем и со бројни предизвици. Во јавност може да забележиме дека секогаш е средена и дотерана за приликата во која се појавува и најмногу сака да поминува време со најблиските, особено за празниците кои  носат една посебна топлина,

Јас си ја сакам Македонија. Во политиката влегов заради тоа што сметам дека Македонија има огромен потенцијал да напредува, и заради тоа што не бев пресреќна од тоа како функционира системот поставен пред 30 години, па сега ги лечиме последиците наместо да сме ги превенирале навреме, вели Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и ко-носител во првата изборна единица.

Таа вели дека верува во промени и смета дека секоја промена почнува од секој од нас, а оваа генерација на политичари иако носи бреме од минатото може да покаже поинаков начин на владеење.

-Затоа наместо да заминам останав тука да бидам дел од луѓето кои сакаат да носат тешки одлуки за да обезбедат посигурна и безбедна иднина за нивните деца. Откажување од иднината нема. Благодарам на моите сопартијци, кои како луѓе се еден чекор пред сите и ја препознаа улогата на жените во политиката па ми дадоа можност, токму јас како млада жена да ја предводам нашата партија – ЛДП, вели таа.

Градска.мк: Дали сметате дека како жена сте доволно почитувана од своите колеги?

Зајкова: Сведочиме дека работите бавно, но сепак се менуваат. Гледаме се повеќе жени во политиката, расте свеста по однос на родовата еднаквост иако тоа не е доволно. Јас со гордост можам да кажам дека секогаш сум уживала почит од моите колеги, сепак не може, а да не кажам дека сеуште постои стигма и дискриминација кон жените. Сеуште жените се соочуваат со вербално насилство, кое често преминува и во физичко.  Време е овој тип на реторика, дискриминацијата врз родова основа, насилството, фемицидот да ги оставиме во минатото. За жените ова не е толку едноставен пат, но среќна сум што докажавме дека и ние знаеме и можеме, дека и ние сме образовани и паметни, а не само поубава половина. Упатувам порака до моите колешки да бидеме се погласни на оваа тема и да бидеме поддршка една на друга. Како либерал-демократка не прифаќам поделба по каков било основ и сметам дека тоа е начинот на кој сите треба да размислуваме и да се прифаќаме и поддржуваме меѓусебно ако сакаме да создадеме подобро општество за сите.

Градска.мк: ⁠Што мислите за вашата противкандидатка Гордана Кочовска-Димитриевска. Со која ќе се соочите во Изборната единица 1?

Зајкова: Јас ги почитувам сите мои колеги, во овој случај и опоненти, па така и неа. Лично не ја познавам но сметам дека жените секогаш знаеле да го одржуваат нивото на дебата и соработка многу повисоко од мажите. Ние живееме во демократско општество и секој има право да има различни ставови и да се залага за различни идеологии. Оттука очекувам фер и демократски избори и позитивна кампања втемелена на ставови. Сите достоинствено да ја претставиме нашата програма и решенија, а на крај граѓаните да одлучат на кого ќе ја дадат довербата.

Градска.мк: Што е она што најмногу би сакале да го смените во земјата?

Зајкова: Се , освен сратешки поставените цели и интереси на државата. Имаме многу работа и во доменот на правосудството и во борбата со корупцијата и во креирањето на по пристапен, инклузивен  и по квалитетен образовен и здраствен систем. Не ми се допаѓа неодговорното однесување кон државата и постојани меѓусебни омаловажувања и навреди на лична основа од кои ниту граѓаните, ниту државата имаат напредок или бенефит. Оној кој работи, може и да погреши. Јас знам дека имаме грешки, но имаме и бројни позитивни нешта со кои може да се пофалиме како земја. Сепак би сакала сите да станеме по свесни за тоа каде ја водиме Македонија. Јас лично би сакала  да создадеме и да живееме во  прогресивна Македонија, во која секој е почитуван и еднаков пред законите и во поглед на права и во поглед на одговорноста. Држава која е еднаква на масата во Европската Унија. Македонија со висока политичка култура, владеење на правото и прогресивна пазарна економија која создава можности. Ова е многу опширна тема, за која можеме да зборуваме со денови, бидејќи искрено во секоја сфера има напредок, но има и недостатоци на кои мора да работиме и да ги поправаме системски и суштински. Ги следите моите заложби, ние секојдневно креираме политики и покренуваме иницијативи кои навидум изгледаат незначајни, но преку кои може  да постигнеме големи промени кои ќе донесат општо добро. Сепак, во овој дел најмногу би се осврнала на патот кон членството кон Европската унија. Од основањето до денес либерал-демократите се длабоко посветени на исполнување на оваа државна цел. Сепак ведочиме дека во нашата земја има кочничари за кои не сум целосно сигурна дека исто како нас ги гледаат придобивките од тоа присоединување и сакаат државата да оди напред наместо да тапка во место. Ние донесовме тешки одлуки во тој процес водени од тоа дека нашата земја нема друга алтернатива, а воедно земајќи ги и предвид сите бенефити од тоа членство како порастот на платите, подобро образование, поквалитетни здравствени услуги, конкурентна економија, слободен пазар итн.

Затоа отворено кажувам дека нема да запрам се додека не ја видам Македонија како дел од европското семејство, како земја која седи на истата маса и рамноправно носи одлуки со сите останати. Сметам дека иако можеби сега сме критикувани за ова и прашањето не носи политички поени, некогаш некоја генерација ќе биде благодарна за одлуките.

Градска.мк: Зошто ја избравте ЛДП како партија и зошто останувате со СДСМ во коалиција?

Зајкова: Либерал-демократите, како во земјава, така и на ниво на Европа, се прогресивни, во сегашноста ја градат иднината, гледаат напред и знаат како се работи во функционален систем, затоа сметам дека за мене никогаш немало друга опција, освен да бидам дел од такви луѓе, а сега и горд предводник. Ние во досегашниот мандат бевме дел од Владата предводена од СДСМ и сметам дека заеднички постигнавме огромен напредок, особено во делот на зголемување на платите, успешно менаџирање на кризите од кои создадодвме и енергетски потенцијал, слободата,  но и во делот на евроинтеграциите. Македонија е денес членка на НАТО и има завршен скрининг процес на кој му претстојат преговори по поглавја. Оттука одлуката да соработуваме со партии кои сакаат прогрес и имаат решенија како работите да ги поправаат. Спојување на Македонија со брзиот воз за Европската унија, зачувување на демократијата и поправање онаму каде потфрливме, а тоа е правосудството беа клучни за одлука да настапиме заедно со социал-демократите, зелените и многу други прогресивни партии. Секако, нормално и природно е во целост да немаме исти ставови за секое прашање, но наоѓаме компромиси, се почитуваме меѓусебно и затоа сметам дека во овој момент е од клучно значење да продолжиме онаму каде што застанавме креирајќи решенија и донесувајќи одлуки. Јас сум убедена дека Европската коалиција ќе победи на претстојните избори бидејќи граѓаните ги препознаваат нашите заложби.

Градска.мк: Кои се вашите приоритети за овие избори?

Зајкова: Нашата програма за претстојните избори е обемна и темелна и секако ги зафаќа сите сфери од општественото дејствување. Секако, меѓу клучните приоритети е членството во ЕУ и реформите кои треба да се направат на тој пат. Во однос на приоритетите, морам да ги напоменам нашите заложби за поголема подобрување на животниот стандард на младите, борбата против корупцијата, еднаквост пред законот, модернизацијата на образованието, бидејќи клучно е да преземаме чекори со кои ќе им овозможиме пристоен живот на младите во нашата земја за тие да останат тука, исто така промените кои треба да бидат направени во здравството, како и новите економски и социјални мерки со кои ќе се овозможи повеќе средства во „џебот“ на граѓаните. Продолжуваме и со грижата кон пензионерите, кои треба да имаат мирни и среќни пензионерски денови и со борбата за создавање поинклузивно општество. Со имплементирањето на политиките кои ние ги креираме креираме силна држава, функционален систем и здрава економска состојба.

Градска.мк: Сметате ли дека сега е вистинско време за легализација на канабисот?

Зајкова: ЛДП прва во својата Програма ја стави легализација на канабисот, а денес сите сведочиме дека се повеќе земји го легализираат и ги користат економските и здраствените бенефити од истиот. Постојат безброј научни докази за неговите позитивни страни. Со целосната легализација ќе им се помогне на пациентите кои имаат потреба од тој лек, што во моментов, согласно изнесеното, од страна на производителите се произведува со помала концентрација од потребната, а од друга страна целосно ќе биде уништен „црниот пазар“, кој сите знаеме дека постои. Статистиките покажуваат дека имаме намален број на корисници на тешки дроги, се сузбива црниот пазар. Односно наместо кај криминалците и подземјето парите одат кај државата која го контролира и квалитетот и количината. Знам дека на многумина им одговора да тргуваат на црниот пазар, но јас искрено се надевам дека ова прашање што поскоро ќе биде затворено и ќе ги видиме позитивните резултати.

Градска.мк: Изминатиот период гледаме ваши видеа кои ве покажуваат во едно поопуштено светло, уживате со милениците, вежбате, го посетивте родниот крај на вашите родители, која е вистинската Моника?

Зајкова: Вистинската Моника е онаа што ја гледате на последните неформални видеа кои беа објавени на мојата фан страна. Жена која го сака животот и се труди да го води на прилично  здрав начин. Ги сакам и луѓето и животните и ме исполнуваат со позитивна енергија. Воедно го поминувам слободното време (кое е се повеќе привилегија) со луѓето кои ги сакам и почитувам. Ми значи што сте забележале дека нешто е променето, а мојата идеја беше да ја „заматам“ сликата на црните кампањи кои ги гледам и оние секојдневни дневни политиканства. Сакам луѓето да видат дека политичарите се всушност нормални луѓе како и сите останати. Дека тоа што сум претседател на партија не ме променило како човек и не сум заборавила од каде потекнува,, туку спротивно, само повеќе ми ја зголемило желбата да работам за доброто на овој народ. Се радувам што имам поддршка од граѓаните и што ме прифатија целосно таква каква што сум.

Соња Танеска / Градска.мк

Моника Зајкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.