НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата дава поголеми земјоделски субвенции од оние во ЕУ

0
By Нова ТВ on May 17, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Владата годинава планира да подели 135 милиони евра на име на субвенции во земјоделството. Овој износ е поголем од нивото на субвенциите што се доделуваат во далеку побогатата Европска унија и тоа и како процент од буџетот и како процент од бруто домашниот производ, но и како износ по жител откако ќе се пресмета паритетот на куповната моќ.

Организациите кои се занимаваат со следењето на земјоделските субвенции, сѐ уште немаат немаат изработено компаративна анализа за ова, со оглед на фактот што актуелните високи нивоа на субвенции се феномен кој постои само последниве 5 години во Македонија, но компарацијата на статистичките показатели тоа јасно го покажува.

Бруто домашниот производ (БДП) на Република Македонија лани изнесуваше 7,525 милијарди евра (462,8 милијарди денари). Износот од 135 милиони евра изнесува 1,71 отсто од македонскиот БДП. Од друга страна, пак, БДП на сите земји 27 земји на Европската унија изнесува 12,48 билиони (или илјади милијарди) евра, додека вкупното ниво на директни земјоделски субвенции изнесува 39 милијарди евра, според статистиката на Еуростат. Во ЕУ, како резултат на заедничката Европска политика во земјоделството (CAP – Common Agricultural Policy), земјоделските субвенции ги доделува исклучиво Европската комисија и тие средства претставуваат убедливо најголема ставка во нејзиниот буџет. Но, ова ниво на субвенции изнесува само 0,31 отсто од вкупниот БДП на сите земји членки во Унијата, односно нешто над пет и пол пати помал процент отколку во Македонија.

Буџетските приходи на државниот буџет за годинава се планирани на 2,4 милијарди евра. Износот на земјоделски субвенции од 135 милиони евра изнесува 5,6 отсто од националниот буџет. Ова значи дека на секои 100 денари што ние граѓаните на Република Македонија ги плаќаме како даноци, такси, надоместоци и друго, односно како пари кои го полнат буџетот, 5,6 денари одат на субвенции.

Од друга страна, пак, според податоците на Еуростат, просечниот буџет на 27-те земји членки на Европската унија е на нивото од 49,1 отсто од БДП на Унијата. Според ова, вкупниот буџет на земјите членки на ЕУ изнесува 6,128 билиони (илјади милијарди) евра. Па, така, нивото од 39 милијарди евра директни земјоделски субвенции изнесува само 0.64 отсто од буџетот на сите земји во ЕУ или над 9 пати помалку од нивото на македонските субвенции како зафаќање од буџетот.

И кога станува збор за нивото на субвенции по жител, Македонија дава поголеми субвенции од оние на Европската унија, ако се земе предвид паритетот на куповната моќ. И тоа ова се случува во ситуација кога ЕУ има 7 пати поглем бруто домашен производ од Македонија по жител. Субвенциите во износ од 135 милиони евра во земјава изнесуваат 65,58 евра по жител. Од друга страна, пак, во 27-те земји на ЕУ има 503,5 милиони жители и ова значи дека тамошните вкупни субвенции од 39 милијарди евра изнесуваат 77,46 евра по жител.

Сепак, ако се земе предвид паритетот на куповната моќ и ако се прилагодат сумите, имајќи на ум колку 65,58 евра вредат во Македонија, односно што за нив може да се купи во земјава, наспроти колку во ЕУ вредат 77,45 евра и што за овие пари може да се купи во земјите на Унијата, ќе се види дека износот на македонските субвенции вреди многу повеќе од оној во ЕУ.

Храната и пијалоците, на пример, како крајни производи од земјоделското производство, имаат двојно пониски цени во Македонија. И генерално, цените во Македонија се речиси двојно или поточно за 49 отсто пониски од оние во ЕУ. Ова значи дека за износот од 65,58 евра, колку што изнесуваат земјоделските субвенции во Македонија по жител, можат да се купат многу повеќе ѓубриво, семенски материјал, резервни делови за механизацијата, да се платат надници за аргати и друго, отколку во ЕУ за ист износ на пари.

Но, ни ова како да не е доволно. Власта има уште поамбициозни планови за земјоделските субвенции во иднина. Лани во ноември беше донесена Програмата за земјоделство и рурален развој за период од 2013 до 2017 година. Во неа е планирано во следните пет години да бидат доделени вкупно 725 милиони евра за субвенции или по 145 милиони евра годишно во просек. Во 2013 година тие треба да изнесуваат 135 милиони евра, во 2014 – 140 милиони евра и од 2015 до 2017 година дури по 150 милиони евра.

Ваквите ветувања дадени на земјоделците и за следните 5 години покажуваат дека земјоделските субвенции се тука за да останат. И опозицијата нема намера да врши некои позначителни промени во политиката на субвенционирањето на земјоделството. Тоа се покажа и за време на декемвриската буџетска криза кога претставници на СДСМ од петни жили објаснуваа дека нивните барања за намалување на буџетот немаат врска со земјоделските субвенции, директно посетувајќи ги земјоделските здруженија и давајќи ветувања дека овие пари ќе останат во буџетот.

А, еве колку е успешна политиката на постојан раст на земјоделските субвенции. Лани во однос на преклани извозот на храна падна 9,1 отсто, а увозот порасна 1,3 отсто. Преклани во однос на 2010 година извозот порасна за 13,6 отсто, но увозот порасна уште повеќе и тоа за 20,4 отсто. Покрај ова, во земјоделска држава како Македонија покриеноста на вкупниот извоз со увозот изнесува од 60-65 отсто, но кога станува збор за храната оваа покриеност е само 50 отсто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.