Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го пакува францускиот предлог за во Собрание

0
By Mirjana on July 7, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот Вицепремиер за политички систем Артан Груби денеска најави дека уште денеска е можно Владата да го проследи до Собранието францускиот предлог, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите  документи. Така што Собранието ќе одлучува за францускиот предлог по што со одлука каква и да е таа, натаму ќе ја задолжи  Владата за следните активности и одговорот што треба да го испорача на ЕУ.

Непотврдени информации говорат дека за денеска во 11 часот Владата закажала затворена седница која треба да резултира со одлука,  до Собранието да се препрати предлог преговарачката рамка со сите документи на разгледување.

Има можност да се изгради заеднички став односно заеднички предлог заклучоци од работната група за преговарачката рамка предложена од Европската Унија. Ова доколку партиите партиципиенти во групата, покажат поголемо разбирање за моментот и ако ја напуштат дневната политика и фокусот на рејтингот, бидејќи е јасно дека при вакви процеси секој политички субјект губи дел од својот рејтинг, брифира извор од работната група за НоваТВ.

За предложените заклучоци на вчерашниот прв состанок од страна на сите чинители, Владата, СДСМ, ДС во име на ЛДП и на ДОМ, како и на ВМРО ДПМНЕ демонстрирале подготвеност да се направат напори да се излезе со единствени заклучоци зашто во сечии од предлозите провејувале заложбите билатералните прашања со Бугарија да се надвор од преговарачката рамка и да нема дискусии за идентитетските прашања поврзани со јазикот, културата, историјата, образованието..вели истиот извор за НоваТВ.

„Убаво е парламентот да застане зад единствени предлог заклучоци и да има што поширока поддршка, имаме отворен простор да пробаме да направиме подобра преговарачка рамка а и ЕУ да чуе дека има незадоволство  во земјава. И тука ВМРО ДПМНЕ мора да преземе одговорност, зашто е лесно да се настапува со патриотска реторика пред граѓаните, вели изворот за НоваТВ со очекување ако не собранието тогаш Владата да даде согласност и да ја преземе одговорноста но дека е подобро зад тоа да застанат сите политички партии.

Од друга страна Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ за НоваТВ изјави дека биле премали шансите за усогласување на заеднички став со кој Владата и државата би побарале корекции за подобар предлог за преговарачка рамка од ЕУ. Ваквиот впечаток , Милошоски го темели врз основа на тоа што на Владата и се брза и дека не била подготвена да го сподели со учесниците во консултациите Протоколот за кој Османи завчера изјавил дека бил усогласен со бугарската министерка за надворешни работи Генчовска, додека вицепремиерот Маричиќ на средбата вчера  рекол дека Протоколот не бил сеуште усогласен. Оваа противречност, изјави за НоваТВ Милошоски, не наведува на овој заклучок.

„Гледаме дека со нивните предлог заклучоци што би ги испратиле до Собранието и со очекување дека би ги усвоило, оставија впечаток дека тоа им е козметичко покритие за уценувачкиот предлог на преговарачката рамка од ЕУ, зашто заклучоците немаат правна тежина и претставуваат само политичка козметика со која би се  релативизирале уценувачките услови кои по инсистирање на Бугарија се ставени во преговараката рамка од ЕУ, изјави Милошоски за НоваТВ, додавајќи дека ваквиот нивен впечаток се должи и на тоа што СДСМ и ДУИ вчера изјавиле дека за нив е неприфатливо да прават предлози за измени на преговарачка рамка со ЕУ иако ветиле дека ќе ги разгледаат предложените заклучоци од нивна страна.

„Ова е поради тоа што се согласиле и го довеле моментот пред свршен чин, дециден е Милошоски, кој не исклучи можност за натамошни консултации но доколку би се разговарало да се донесат заеднички предлози за измени на преговарачката рамка а не само консултации за декор пред јавноста.

По вчерашната прва консултативна средба на партиите, ВМРО ДПМНЕ излезе со забелешки кои се однесуваат на бришење на точки од документите како онаа за соодветните еднострани декларации на Бугарија и земјава за македонскиот јазик, за исклучување на Договорот за добрососедство со Бугарија и годишните прегледи за негово ефективно спроведување од Преговарачката рамка и отфрлање на условувањето за отворање на преговорите по кластери со промена на Уставот, туку тие да започнат веднаш.

Мирјана Трпческа

 

ВЛАДАТА ГО ПРАЌА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ВО СОБРАНИЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.