Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го продава струмичкиот стадион, а градот нема ниту второлигаш

0
By Томе Христов on November 1, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Струмица некогаш важеше за спортски бастион од каде што во минатото излегуваа бројни таленти. Денес во истиот град стадионите и спортските терени се празни и Гордоста на струмичани и целата македонска јавност како Горан Пандев, Аце Стојков, Горан Попов кои се уште се активни фудбалери и не претставуваат во различни клубови надвор од државата, се показател како треба да се сака и вложува во фудбалот за да се успее, велат за НОВА љубителите на спортот. Денес во најфудбалскиот град нема клуб да се натпреварува во втората македонска фудбалска лига. Познавачите на фудбалот сметаат дека се додека не влезат вистински менаџери кои ќе вложуваат и нема да гледаат на тоа само како личен профит во Струмица нема да се врати сјајот на фудбалот.

Но иако без клуб, во моментот Владата го продава градскиот стадион „Младост“ со кој стопанисува ФК „Беласица“ за 2,4 милиони евра почетна цена. Се поставува прашањето што ќе се промени на зелениот терен доколку се пројави интерес кај некој сопственик за купување и зошто истиот се продава?
Координаторот на ФК „Академија Пандев“, Југослав Тренчовски смета дека е смешно да се продава стадион за толку голема сума, а да нема фудбал на истиот. Според него, потребно е за стадионот да се грижи сопственик кој ќе ги исполни фудбалските услови како што се младинска школа, вработени, тренери, други стручни соработници, да има стабилен буџет, да поседува клуб, а и висината на цената да биде прифатлива.

„Другата опција би било стадионот да се додели на општината, всушност многу голем дел од овој стадион е граден и направен со самопридонес на граѓаните на општина Струмица. Вака некако ми стои дека повторно ќе се лечат одредени фрустрации или поточно ќе се вмешаат прстите за некои бизнис интереси и наместо фудбалски инвеститор може да излезе, спортско,фудбалски- угостителски инвеститор и наместо елитен фудбал ќе гледаме концерти и приватни и јавни веселби и забави“, вели за НОВА Југослав Тренчовски, тренер во Академија Пандев.

Тој додава дека е патетично се што се прави и инвестира во фудбалот, а Струмица нема ниту второлигаш.


Стадион „Младост“

„Струмица во својата блиска околина го има прволигашот ФК „Хоризонт“ од Турново кој е доста успешен и претставува репер како две години по ред се излегува на европска сцена. Се што се гради во Струмица го имаат со децении во земји кои не се фудбалски, на пример Луксембург, Азербејџан, Кипар и не вакви туку 10 пати подобри услови, а замислете тие немаат отидено на големо натпреварување ЕП или СП. А за топ европските фудбалски држави да не зборуваме, тие немаат тренинг кампови туку имаат цели градови во своите бази“, додава Тренчовски.

Надлежните за спорт од општина Струмица вината ја гледаат во политиките на Владата. Велат, во повеќето градови фудбалските стадиони се под општините, а во Струмица стадионот оди на продажба.

„Концесионер на стадионот „Младост“ е ФК „Беласица“. Концесијата му е дадена во 2000 година од страна на државата, односно Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт на 36 години, односно до 2036 година. Пред 1 месец со одлука на Владата стадионот „Младост“ ќе оди на продажба, како што е познато почетната цена е 2 400 000 евра. Се поставува прашањето, кој и на каков начин го раскинува концесионерството на стадионот и како може речиси во сите поголеми градови фудбалските стадиони да се под општините, а во Струмица стадионот „Младост“ да оди на продажба. Државата за некои е мајка, а за други маќеа“, велат од општина Струмица.
Побаравме одговор од Владата зошто се продава стадионот и зошто се раскинува договорот со сегашниот концесионер . И по испратените пораки до надлежните одговор не добивме. Исто така, одговор не добивме и од сегашниот концесионер.


Деца на тренинг во Академија „Пандев“

Познавачите на фудбалот во Струмица сметаат дека станува збор за уште една фарса на државата.

„Кој ќе даде толкава сума на пари кога нема екипа ниту во прва ниту во втора лига. Во Струмица уште долги години нема да се врати сјајот на фудбалот кога терените и трибините беа полни. Во времето на Ванчо Таковски, иако многумина зборуваат лошо за него, излегоа најфудбалските имиња, а Беласица и Тиверија како клубови го достигнаа најголемиот успех. Од тогаш до денес се нема подмрднато во делот на инфраструктурата. Во 21 век, со денови немаме струја и вода, условите се катастрофални, за каков спорт да зборуваме понатаму“ вели Ристо Анчев-Аџимано, тренер на ФК „Тиверија“.

Дел од спортските работници сметаат дека има и друга страна зошто сликата денес е таква. Според нив, потребно е во законот за спорт да им се дадат некакви олеснувања на сопствениците со цел да тие вложуваат, а во исто време и да профитираат. Велат, само така ќе добиеме и квалитет на фудбалските терени, ќе се врати публиката, а сопствениците ќе имаат придобивка. Таков е примерот за многумина со најдобриот фудбалер Горан Пандев, кој во Струмица гради стадион во вредност од 4 милиони евра.


Стадионот кој што го гради Пандев

Југослав Тренчовски смета дека и општината и градот не треба да бидат така индолентни на катастрофалниот пад на струмичкиот фудбал, а од друга страна како што вели, да не даваат поттик на нешто што со многу мака почнува да се реализира, како што е примерот со Академија Пандев.

„Државата и општината во заеднички проект прават, замислете, еден терен со вештачка трева, чиниш прават комплекс од 7-8 терени како што доликува и заглавија во сопствените лавиринти. Се обвинуваат до кого била вината, кој го кочел проектот, општината или ФФМ. Да не е жално ќе биде премногу хумористично. Проектот, ако одеше се според планот, требаше да биде реализиран во април 2014, а тешко дека ќе се реализира до април 2015 година“, изјави Тренчовски.

Тој смета дека токму поради тој проект во кој ги окупираа двата, и така катастрофални помошни терени, 350 деца од Академија Пандев одат по околните села, Добрејци и Василево за да ги реализираат тренинзите

„Затоа Горан и ФК „Академија Пандев“ се решија да инвестираат во инфраструктурата и терени во Струмица и струмичко. Но, замислете, земјиштето за центарот на „Академија Пандев“ е купено по 19 евра м2 , а државата за странски инвеститори го продава за 1 евро м2. Општината наплаќа комуналии околу 150 илјади евра, а може со предлог и усвојување на Советот да се ослободи од комуналии. Така, ќе кажам дека се нема желба ниту од општината ниту од државата за враќање на вистинскиот сјај на фудбалска Струмица“, вели Тренчовски.

Од општина Струмица пак изјавија дека тие и понатаму ќе го помагаат спортот во Струмица во рамките на своите надлежности.

„На годишно ниво Градоначалникот преку Советот на општината издвојува 18 милиони денари. Средствата се поделени преку дотации за спортските клубови, организација на Европско првенство во кошарка за кадети, организација на Европско првенство во спортска ориентација, поддршка на училишниот спорт, поддршка на разни турнири и манифестации во сите спортови,како и организирање кампањи за потенцирање на здравиот начин на живот“, вели Ристо Секулов.

НОВА го праша и Аце Стојков, поранешниот македонски репрезентативец кој излезе токму од редовите на струмичкиот клуб „Беласица“, како гледа на денешната состојба и фудбалот во Струмица.

„Условите за жал се исти како и во времето кога ние трениравме и се градевме како фудбалери, ништо не е променето. Се чини дека главниот проблем е немање стабилен и сериозен финансиер кој сака да вложува во фудбалот. Потребно е клубовите да се финансиски стабилни и да се земаат поквалитетни играчи и само така може да се врати сјајот на фудбалот. Во Струмица има луѓе кои можат да ги финансираат и менаџираат клубовите, само треба желба и волја, а не да гледаат личен профит“, вели Стојков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.