Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година, се враќа на усвојување во Собранието

0
By Ivana on December 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница ги утврди дополнувањата на Предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, кои произлегоа од амандманската расправа во комисиите во Собранието.

Со овие измени, дополнетиот Предлог-буџет за 2022 се враќа на усвојување на пленарна седница на Собранието.

Како што соопштија од владиониот Сектор за односи со јавноста, утврдено е дека од вкупниот број амандмани, прифатени се 23 во вкупен износ од околу 382 милиони денари.

– Дополнително, на денешната седница на предлог на Министерството за финансии Владата на Република Северна Македонија да ги усвои и следните измени како дополнување на Буџетот за идната година: Зголемување на средствата во Министерството за информатичко општество и администрација во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радио телевизија; зголемување на средствата во Уставен суд на Република Северна Македонија во износ од 1 милион денари за избор на нови уставни судии; зголемување на средствата во Финансиска полиција во износ од 1 милион денари за преземени обврски за набавка на возило, како и некои други, се наведува во соопштението.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со заклучок таа да биде доставена на усвојување на Собранието на Република Северна Македонија.

Целта на предложената Одлука, стои во соопштението, е обезбедување средства за справување со енергетската криза, финансиска поддршка на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост погодени од кризата (ЈП „Македонски шуми“, АД „Водостопанство“, АД „Еурокомпозит“, АД „Македонски шуми“, АД „Македонска пошта“), набавка на COVID вакцини, подмирување на обврски за заштита на населението од HIV, набавка на метадон и бупренорфин за лица со болести на зависности, обврски кон ЈЗУ задолжени за лекување на лица со болести на зависности, побарувања по основ на партиципација за осигурени лица, набавка на лекови за ретки болести, обврски кон ФЗОМ за целосно здравствено осигурување, плаќање на обврски согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Програмата за рибарство и аквакултура, плаќање на времени ситуации за Брана „Конско“, Брана „Речани“ и ХС „Равен Речица“, ХС „Злетовица“, средства за затворање на проектот Јужновардарска долина, експропријација за Брана „Речани“ и ХС „Равен Речица“, компензирање на трошоците при давање на услугата од јавен интерес во железничкиот превоз на патници, реализација на проектот Ф/П за домување на социјално ранливи групи, обезбедување на средства за подмирување на платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 година, дообезбедување на средства за стипендии и студентски домови, дообезбедување на средства за финансиска поддршка на инвестиции (домашни компании), дообезбедување на средства за уредување на ТИР зоните и исплата на државна помош, дообезбедување на средства за набавка на меркантилна пченица за стоковите резерви, како и дообезбедување на средства за подмирување на тековните приоритетни обврски на одредени буџетски корисници. цр/хс/

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.