Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата на НВО им вети нулта толеранција за корупцијата

0
By Нова ТВ on July 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 6, 2018 16:25

Нулта толеранција кон корупцијата, преземање мерки за справување со оваа појава и нејзино искоренување од сите сфери на живеењето, преземање заеднички мерки, акции меѓу сите чинители на ниво на власт, но и во тесна соработка со невладиниот сектор ветија претставниците на Владата, на денешната втора од најавените редовни Отворени денови на Владата со Граѓанските организации.

На вториот Отворен ден насловен „Борба против корупција“ се дискутираа иницијативи поднесени од страна на граѓанските организации, а на темата говореа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик министерот за правда Оливер Ристовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за култура Асаф Адеми и министер задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски порача дека корупцијата и нејзината општествена деструктивност мора да бидат спречени и вети бескомпромисно соочување со корупцијата во сите нејзини облици.

„За тоа е потребен институционален и граѓански ангажман, нивна меѓусебна соработка и отворање дебати од кои треба да се употреби секоја добра идеја. Во оваа насока во МВР се спроведува проект за обуки за јакнење на интегритетот на државните службеници, што е еден фактор во превенцијата на корупција. Во минатото државата се борела само на ниво на перцепција против корупцијата, имајќи ги предвид сите скапи антикорупциски акции, кои или завршиле со ослободителни или со условни пресуди“, рече Спасовски.

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски истакна дека невладиниот сектор активно учествувал во носењето на сите законски проекти и неговите забелешки биле вметнати во сетот закони за правосудството.

„Тука најважен е Законот за укажувачи. Со последните измени во февруари 2018 тој се комплетира. Упатуваме апел до сите лица, кои можат да укажат на моменти на коурпција и тоа да го сторат без да се грижат со својот инрегритет“, порача Ристовски.

Министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека коруцијата е закана за основните човеки права и слободи, која има штетно влијание врз социо-економскиот развој на земјата и животот на граѓаните, напомена дека Министерството заедно со Владата и во партнерство со граѓанскиот сектор и здруженијата на пациенти работи напорно во борба против овој феномен. Додаде дека ефективната борба против корупцијата бара специфични, но добро насочени мерки.

„Свесни сме дека корупцијата не може да се искорени преку ноќ, напротив борбата против корупцијата е чекор по чекор, проект по проект, еден многу долготраен процес. Министерството за здравство има план за борба против корупцијата, во овој момент ги разгледуваме можните решенија за да им обезбедиме дополнителна работа на докторите, односно остварување на нивното право за дополнителен приход“ рече Филипче.

Министерот за образование Арбер Адеми нагласи дека де факто образованието е една од сферите, која најчесто се поврзува со сторени или индиции за сторени коруптивни активности од оние кои даваат и овозможуваат образовни услуги во сите нивоа на образованието.

„Ставот на актуелната Влада е јасен – нулта толеранција кон корупцијата и сите нејзини облици. Информирањето за облиците на корупција и нивното препознавање од страна на учениците од најрана возраст е најдобриот начин да се превенира оваа појава“ рече Адеми.

Министерот за комуникации Поповски рече дека се уште постои недоволна транспарентност во одредени институции и тенденција на Владата е да ги отвори.

Тој наведе податоци од неодамнешно истражување според кое граѓаните се навикнати на корупција, што според него, е најзагрижувачкото нешто што мора да се искорени.

Виолета Ѓоргиевска од Интернет хотлајн даде иницијатива за креирање центар што ќе ја подобри борбата против корупцијата преку анализа на софтверски апликации при тендерски постапки.

Од Транспарентност Македонија препорачуваат да се зголемат јавните дебати во оваа сфера, како и да се спроведат јавни сослушувања со идни членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Од „Зелена лупа“ препорачаа да се донесе нов закон за конфискација на имот при извршување кривични дела, додека од здружението „Но пасаран“ нотира проблеми во монополското однесување на компаниите.

Претставници на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) препорачуваат создавање функционална антикорупциска легислатива, како и тоа моделот на ДКСК да не биде партиски и политички и да делува самостојно, на што се согласија и министрите.

Од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ излегоа со иницијатива до МВР и Министерството за здравство да изработат проценка на ризици на корупција, со посебна насока на МЗ да направи проценка за ризици од корупција на ниво на болници, а не само на тендерски постапки.

Од Центарот за истражувачко новинарство СКУП бараат отвореност на одредени институции кои немаат ниту Интернет страници, како и скратување на времето на чекање одговор од новинарите до институциите, кој сега е 30 дена.

Младинскиот образовен форум со иницијатива до Министерството за образование со иницијатива да се фокусира и на корупцијата во студентските домови, како и да се изнајдат механизми студентите да пријавуваат корупција во самите домови.

Учесниците на дебатата, како од власта, така и од граѓанските организации, се согласни дека најважно е да се работи на јавната свест за оваа појава, како и моделот на Антиорупциската комисија да не биде политизиран и да делува самостојно, и да не се дозволи корупцијата да стане начин на живеење во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
ФОКУС
February 20, 2026

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на јавните изјави на Премиерот во врска со постапката за избор на државен јавен обвинител

ВЕСТИ February 20, 2026

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата со внимание го следи процесот за избор…

По одлуката на Врховниот суд, Трамп најави нови царини – 10 отсто за целиот свет

February 20, 2026

Како да се истурка месецот – синдикалната кошничка порасна на 67. 382 денари

February 20, 2026

Меѓународна конференција — 4 години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот

February 18, 2026
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.