Шест кандидати за амбасадори биле одобрени на последниот состанок на Владата.
Информацијата денеска ја потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Јас не смеам да коментирам или да откривам имиња. Ќе ги објавиме кога ќе добиеме одобрување од земјите каде треба да бидат испратени“, рече Османи во одговор на новинарско прашање.
Дел од медиумите неделава објавија дека Владата го прифатиле предлогот поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, да биде нов македонски амбасадор во ЕУ. Додека, пак актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, ќе замине на амбасадорска служба во Париз, а амбасадорското место во Вашингтон ќе биде пополнето со Зоран Попов, дипломат од кариера кој е државен секретар во МНР.