По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, на одбележувањето организирано од Град Скопје, денеска Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во придружба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.
Истовремено премиерот Заев преку социјалните мрежи го честиташе празникот потенцирајќи го херојството на 87 жртви и на 1200 борци од македонските партизански единици кои на овој ден пред 76 години на граѓаните на земјата им ја донесоа слободата и остварувањето на сонот за сопствена самостојна држава, а на градот Скопје титулата – метропола