НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владината делегација во Вашингтон на средби со претставници на НДИ и ИРИ

0
By Sashko on June 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владината делегација, во чиј состав се министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана – Славјанка Петровска, за економија – Крешник Бектеши и за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска, во рамки на посетата на Вашингтон пред почетокот на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, оствари голем број средби со високи владини претставници и личности од истакнати од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации.

Меѓу многубројните активности беа остварени одвоени средби и со делегации од Националниот демократски институт (НДИ), предводена од претседателот, Дерек Мичел и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), предводена од Даниел Твининг.

На средбите, како што соопшти МНР, било изразено задоволство од започнувањето на Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што претставува значаен исчекор во билатералните односи и надградба на стратешкото партнерство.

„Воедно, беа поздравени севкупните активности на НДИ и ИРИ во Северна Македонија, при што беше истакнат напредокот на државата во спроведувањето на реформите клучни за зацврстување на демократските процеси и транспарентноста на институциите“, се наведува во соопштението.

Беше изразена и благодарност за долгогодишната соработка и поддршка на НДИ и ИРИ, во јакнењето на демократските процеси и капацитети на земјава и беа разгледани и перспективите за идната соработка во насока на обезбедување на понатамошна поддршка за демократски напредок на Северна Македонија.

„Во оваа смисла, побараа засилено присуство на НДИ и ИРИ во земјава и поддршка на клучните реформски процеси, како и невладиниот сектор“, се додава во соопштението на МНР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.