Која е причината за порастот на семејното насилство врз луѓето со поинаква сексуална ориентација, но и насилството на улица. Зошто случаите на напади и малтретирањата заглавуваат во полиција или на суд?
Низ што се поминуваат овие луѓе, дали се заштитени исто како другите граѓани? Како на целокупниот амбиент влијаат хомофобичните кампањи на власта? Партијата на власт гради имиџ на конзервативна структура, ставајќи ги во опасност луѓето со поинаква сексуална ориентација, вели во ПРОЦЕС, Павле Богоевски од ЛГБТИ Центарот за поддршка – Хелсиншки комитет за човекови права.
Од сторијата за Камала Ѓорѓиевска и Катерина Чук, две девојки кои се во врска веќе 10 години, може да се види една друга димензија, како со разбирање од семејството и толеранција од околината, може да се постигне се.