Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта продолжува масовно да вработува среде избори

0
By Сашка Цветковска on February 18, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со или без опозиција, власта масовно вработува во пресрет на локалните избори, дели субвенции и земјоделски земјишта, иако активностите согласно законите треба да сопрат.

И покрај препораките на експертската јавност дека со вработувањата во предизборието се кршат законите, институциите продолжуваат да вработуваат. Четири нови огласи за привремени вработувања објавила Агенцијата за цивилно воздухопловство, Електрани на РМ, Универзитетот Кирил и Методиј веќе бара и авторска агенција преку која ќе ги исплаќа новите привремено вработени, а оглас за има и Јавното претпријатије од Виница, Солидарност. Никој не знае ниту колку луѓе ќе вработуваат ниту колку пари ќе потрошат, а не се знае ни зошто им е се потребни дополнителни работници.

Нов оглас за вработување на 1540 лица денес објави и Агенцијата за вработување, а мерката ја промовираше министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски како дел од владините мерки за вработувања за 2013. За вработувања на ранливите групи, како деца без родители, самохрани родители и бездомни лица државата ќе одвои 72, 2 милиони денари.

Пред само две недели Агенцијата за вработување објави оглас до невработените лица за програмите за самовработување во кое најавија субвенции за 2000 вработувања во вредност од еден милион евра. Иако Собранието ги објави изборите уште на 15 Јануари, со што вработувањата и тендерите требаше да сопрат согласно законите, тоа не се случи.

Поранешни членови на Антикорупциската, кривичари и експерти од областа на администрацијата за Нова уште тогаш коментираа дека вратувањата се комплетно надвор од законот, а Антикорупциската постапува надвор од својот мандат.

И покрај пораките на експертите се уште се вработува, се делат субвенции, земојделски државни земјишта и други активности кои, според познавачите, законот ги препознава како изборен поткуп.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.