Македонскиот гитарист, Влатко Стефановски е добитник на престижното признание за најдобра филмска музика, што го доделува Fipresci, Здружението на филмските критичари на Србија, кое се одржа во белградскиот Музеј на Кинотека.
Македонскиот музичар, наградата ја доби за музиката во филмот „Кога ќе се раздени“ на режисерот Горан Паскаљевиќ, кој беше и српски кандидат за Оскар.
Стефановски не присуствуваше на свеченоста по повод доделувањето на наградата, бидејќи заедно со Мирослав Тадиќ и Теодосиј Спасов е на турнеја и имаше настап во Лондон.