Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влезот во НАТО бара поголема безбедност на комуникациите-штетите се како при воен напад

0
By Соња Трајковска on November 20, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со членството во НАТО, Македонија освен другите реформи ќе мора да ја зајакне и безбедноста на комуникациите. Ова неодамна како прашање го покрена генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој во интервју за Гласот на Америка укажа дека државите кои се приклучуваат кон НАТО, како Северна Македонија мора да имаат безбеден начин на комуникација.

Што значи тоа?

Постојат стандарди кои земјите членки и новите кои се приклучуваат мора да ги исполнат во однос на цивилната инфраструктура и телекомуникациите и се однесуваат на можното влијание на други глобални сили во регионот и безбедносните предизвици со кои се соочува НАТО.

Петар Поповски

-Tелекомуникациската, исто како и енергетската, се смета за критична инфраструктура. И додека претходните генерации на мобилни мрежи, до 4Г, се претежно ориентирани на комуникација во чиј центар е човекот заедно со мобилниот уред, 5Г мрежите се очекува да имаат далеку поголема примена во разни индустрии и процеси. Тоа се, на пример, координирање на беспилотни возила и камиони, автономна индустриска продукција, интелигентно земјоделие и сл., така што за овие процеси комуникацијата ќе биде критична, објаснува за НОВА Петар Поповски, професор по безжични комуникации на Алборг Универзитетот во Данска, автор на книгата „Безжични комуникации: Интуитивен и фундаментален водич“.

Недостатокот на сигурност во таквата комуникација, Поповски го илустрира со „штета еднаква на воен напад“ – на пример, хакирање на инфраструктурата за координирање на беспилотни возила може да доведе до масовни сообраќајни несреќи.

Токму поради овој аспект, вели нашиот соговорник – експерт за комуникации, НАТО инсистира на безбедност на цивилната комуникациска инфраструктура.

Законски измени и приклучување кон договори за размена на информации

И досега начинот на комуникација со земјите членки на НАТО е регулиран со стандарди и правила. За Македонија досега важеа (и се уште важат до полноправен прием – н.з.) стандарди и процедури за соработка пропишани за ваков партнерски однос. Но, стекнувањето полноправно членство во Алијансата ќе значи подигање на степенот на комуникација, а со тоа и промена на правилата.

Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески за НОВА објаснува дека електронската комуникација меѓу земјите членки на НАТО се одвива преку акредитиран комуникациско-информациски систем со соодветна безбедносна заштита. Таков систем ќе треба да се воспостави и во нашата земја, а се однесува на комуникациите со членките на НАТО, централата, телата и оперативните штабови на НАТО итн.

Иако ова навидум изгледа едноставно, во суштина се работи за промени во повеќе области. Еден аспект е усогласување на националното законодавство со важечките меѓународни стандарди и прописи.

-Во оваа насока се и измените во новиот Закон за класифицирани информации, којшто моментално е во собраниска процедура, со кои се дефинираат авторитетите што ги бара НАТО и надлежностите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и на Министерството за одбрана во делот на безбедноста на комуникациите и управувањето  со  материјалите за криптографска заштита на класифицирани информации, објаснува Славески.

Ова, како и приклучувањето кон договорите за размена на информации меѓу земјите членки на
НАТО коишто вклучуваат и информации со повисок степен на класификација ќе се подигне
степенот на начинот на комуникација на земјава и Алијансата.

Електронски, гласовни и курирски пораки

Комуникацијата на релација Македонија -НАТО генерално опфаќа размена на електронски, гласовни, курирски информации кои може да бидат изложени на различни видови опасност. За сите овие форми, веќе постојат регулативи за минимизирање на можностите за нарушување на безбедноста.

За поголема сајбер безбедност, веќе е донесена Националната стратегија за сајбер безбедност со Акциски план, комуникациско-информациските системи низ коишто се обработуваат класифицирани информации се „заштитени“ со има регулатива за безбедносна акредитација на системите и за изработка на проценка на ризикот за информатичка безбедност, додека курирската размена на класифицирани информации е загарантирана со подзаконски акт и пропишани процедури за работа.

Во контекст на една од најголемите закани на современиот свет, сајбер нападите, Владата пред два дена донесе решение за назначување на членови на Националниот совет за сајбер безбедност и ги задолжи Министерството за информатичко општество и администрација, МВР и Министерството за одбрана да назначат членови на Меѓуресорска работна група за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Националниот совет за сајбер безбедност, меѓу другото и за да се забрза усогласувањето на прашањата за сајбер безбедност согласно стандардите на НАТО.

Колку една земја е поблиску до НАТО, толку е поголема можноста за кибер напади

Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија генерал Клаудио Грацијано кој во октомври беше во Македонија предупреди дека кога една земја станува дел од НАТО, добива повеќе внимание, а со тоа и можност за дополнителни сајбер – напади.

Клаудио Грациано

Токму тоа е областа каде Комитетот на ЕУ што тој го води, тесно соработува со НАТО.

-Сајбер-нападите се случуваат секој ден, секој момент, секоја секунда и мора да инвестираме постојано. Ние постојано сме во војна, во различни видови на војна, но сме постојано во војна. Ако станете дел од НАТО ќе добиете повеќе внимание и може да добиете дополнителни кибер-напади, бидејќи делите воени информации со останатите земји од НАТО, посочи Грацијано.

Со приближувањето на датумот за полноправно членство во Алијансата и се поголемите шанси за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, во земјата во тек е постапката за инсталирање на таквиот систем за поголемо ниво на безбедносна комуникација со НАТО.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.