Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ носи одлука за референдумот – членовите на ИК поделени

0
By Соња Петрушевска on August 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ  синоќа дебатирал за референдумот, но конечна одлука не донел. На седницата на Извршниот комитет која траела 4 часа, дел од членовите ја застапувале тезата дека референдумот треба да се бојкотира затоа што тоа било волјата на мнозинството граѓани, а други настапиле со поумерени позиции – дека ВМРО ДПМНЕ не треба  да остане настрана од овој процес и дека треба да повика на гласање.

Член на Извршниот комитет вели дека не „преовладал ниту еден став и сите опции остануваат отворени – бојкот на референдумот, да се повика да се гласа против Договорот со Грција или партијата да не дефинира официјален партиски став туку да остави гласачите сами да одлучат дали ќе гласаат или бојкотираат. Само опцијата – да се повика на рефрендум и да се гласа „За“ е исклучена.

Во атмосфера кога се очекува „притисоците да растат од сите страни“, претседателот на партијата Христијан Мицкоски побарал од сопартијците да се воздржат од објавување на  пропагандистички пораки на своите Фејсбук профили, без разлика дали се за „бојкотирам“ или за другата опција, се додека не се дефинира партискиот став.

Повикот се толкува и  во контекст на  кампањата која ја предводи Јанко Бачев под слоганот „Македонија бојкотира“  и која се оценува дека може да го контаминира целиот процес.

„Во демократска држава секој има право да си го каже своето мислење, но кај нас за жал се случи полициски инсталации и поранешни политичари да го контаминираат повикот за бојкот и  чувствата на луѓето кои навистина веруваат во тоа“, коментира партиски функционер за НОВА ТВ.

Според истиот извор, се очекува  ВМРО ДПМНЕ да  учествува во неформалната кампања за референдумот која веќе е започната. Членови на партијата ќе ги застапуваат тезите дека никој нема право да го монополизира евроинтегративниот процес и да го поистоветува со штетниот Договор, дека Македонија нема гаранција дека ќе стане дел од европското семејство по промената на името и дека власта со распишувањето на консултативен референдум прави алиби и без цензус да го протурка Договорот. И Мицкоски порачал дека членовите на ИК  треба почесто да се присутни на дебати.

„Јас верувам во современ гемиџија кој нема да бега од дебати. Модерен Шатев, Александров, Протуѓеров е оној кој кој ке учествува во полемики, ќе им објасни на граѓаните што значи Договорот со Грција, за разлика од оние тастатура – патриоти кои пишуваат само што ќе им нарачаат и платат. Јавноста треба да знае дека ВМРО ДПМНЕ има став за Договорот и имаме аргументи за тоа“ рекол Мицкоски, според нашите соговорници.

Партискиот врв го отворил и прашањето за начинот на кој ќе се следи референдумот со оглед на фактот дека Законот не дозволува партиски набљудувачи да го мониторираат процесот на гласање, туку само претставници на невладини организации и наведуваат дека за партијата нема да бидат прифатливи  резултати на оние избирачки места каде излезноста ќе биде  80 или 90 проценти. „Во Зајас  не може да има излезност од 90 проценти, ако на претходните избори одѕивот бил околу 45 проценти и тоа да се правда со гласање на дијаспората која покажува веќе покажува слаб интерес да гласа на референдумот“, коментираат од партијата.

Дебата околу референдумот продолжува и денеска на седница на Централниот комитет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.