Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ одлучува за сопствената иднина

0
By Борјан Јовановски on September 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО ДПМНЕ денеска треба да одлучи дали ќе остане релевантен полатички фактор на политичката сцена во Македонија и Европа или ќе се катапултира во сферата на мали радикално -десничарски партии кои обично се задолжени за фолклор и декор во составите на парламентите во високо развиените демократии во Европа.

Раководството на оваа партија пред да ја донесе одлуката за тоа дали ќе го бојкотира референдумот или не, треба добро да размисли за тоа како воопшто ВМРО ДПМНЕ стана релевантен политички субјект кој успеа да изгради идеолошка матрица која кореспондира со геополитичкиот контекст во кој има намера да дејствува во иднина и кој изгради коалициски потенцијал за да си овозможи партнери од албанскиот политички кампус со кои ќе обезбеди простор и шанса во иднина повторно да ја освои власта.

Пред да одлучат членовите на раководството на партијата би било добро да се навратат на деведесеттите години кога во почетоците на таа деценија лутаа во водите на национализмот и кокетираа со албанофобијата. Во такви услови се до 1996 години ВМРО ДПМНЕ не успеа да најде начин за формирање на парламентарно мнозинство кое ќе го донесе на власт.

Промената се случи во 1996 година кога Љубчо Георгиевски конечно го согледа геополитичкиот контекст и на Кичевскиот конгрес на партијата го дефинираше новиот курс позиционирајќи се во корпусот на демохристијанските европски партии. Тоа беше првиот момент кој ги отвори вратите на ВМРО ДПМНЕ за сериозен  настап на политичката сцена.

Од тој момент започна интеграцијата на ВМРО ДПМНЕ во семејството на демохристијанските европски партии групирани во Европската народна партија која има најголем број места во Европскиот парламент. Таквата одука во 1998 година партијата ја донесе на власт. Подоцна во 2001 година во ВМРО ДПМНЕ повторно беше исчезнат компасот, а Георгиевски и Бошковски кои ја раководеа партијата забегаа во анти западната реторика, обвинувајќи го целиот свет за настаните во 2001 како резултат на фрустрациите и немоќта да ги согледаат сопствените грешки направени во тој деликатен момент за државата.

Сепак дури и во тоа свое лудило Георгиевски остана свесен дека не смее да ја оттргне партијата од стратешките текови, па со тешко срце го потпиша Рамковниот договор и ја задржа ВМРО ДМНЕ на курсот на поддршката на тој документ кој Македонија ја спаси од пирот на граѓанската војна и повторно ја врати на европските текови. Тој лично ги задржа соите дилеми и контроверзни ставови во однос на Рамковниот договор, но не дозволи истите да ја загрозат иднината на партијата. Тоа му создаде простор на Груевски да се врати на основите од Кичевскиот конгрес и ја доби поддршката на сестринските партии од Европа и особено од германската ЦДУ на Ангела Меркел. Во 2004 година врз база на тоа дејствување ВМРО ДПМНЕ доби секаков вид на поддршка од фондацијата „Конрад Аденауер“ која е одговорна за негување на идеолошката матрица на европското демохристијанство. Таа фондација во Македонија дејствуваше на планот на реинтегрирање на ВМРО ДПМНЕ на македонската политичка во главно со враќање на нивниот коалициски потенцијали за да можат да ги обноват контактите со албанските политички субјекти.

Операцијата беше успешна.

ВМРО ДПМНЕ направи радикално ребрендирање на нивниот политички имиџ, се реинтегрираше во европското семејство на демохристијански партии и ги создаде сите предуслови во 2006 да се врати на голема врата. Делувајќи во геополитичкиот контекст во кој е позиционирана Европската народна партија ВМРО ДПМНЕ ја уживаше поддршката како и сите други моќни инструменти со кои располагаше ова големо европско семејство на демохристијански партии. И обратно, падот на Груевски стана јасен и неизбежен во моментот кога тој ја напушти оваа матрица и влезе во конфликт со базичните принципи на европските демократии.

ВМРО ДПМНЕ денеска е во тоа лимбо во кое го доведе Груевски.

Нивното европско семејство ги подржува демократските  реформи во Македонија и се разбира Преспанскиот договор како единствена шанса за државата да остане во контекстот на европските интеграциски процеси.

Раководството на ВМРО ДПМНЕ денеска има избор меѓу опциите да остане да плива во тоа лимбо без никаков коалициски потенцијал, поради што ни освојување на 60 пратеници нема да му обезбедат враќање на власт затоа што нема ниту еден политички субјект од албанскиот кампус кој би се осмелил пред нивното гласачко тело  да коалицира со едно вакво ВМРО кое е во судир со стратешките шини по кои треба да се движи државата.

ВМРО ДПМНЕ се изјасни дека стратешки интерес на Македонија е членството во НАТО и ЕУ. Истата партија се изјасни дека е за компромис со Грција. Можеби содржината на Преспанскиот договор не им се допаѓа но тоа не им дава право да донесат одлука со која ќе ја катапултираат оваа голема политичка партија надвор од гравитациското поле на европската политичка сцена и ќе се препуштаат во некоја авантура низ непознат простор од која може би нема да можат да се вратат никогаш повеќе во позицијата која единствена им носи потенцијал да опстанат  во редот на релевантните политички субјекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.