ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа трибина насолвена „Правдата доаѓа“. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов го изнесе своето мислење во врска со случајот Лотарија и проневерата на осум милиони евра. Пренџов посочи дека СДСМ и ДУИ манипулирале со јавноста за да останат на власт.
Тие манипулираат на мантадна основа со цел да бидат подолго време во власта. Разликата помеѓу порано и сега во Македонија после 8 мај, работите не се исти и дојде нова политичка генерација која не планира да прави ништо друго освен право, правда и решавање на криминал и корупција, нагласи Пренџов.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски истакна дека кај Ковачевски имало политичка мотивација во однос на Артан Груби и случајот со Лотарија, се со цел да се задржи СДСМ ден повеќе на власт.
Сметам дека има политичка мотивација кај Ковачевски со Артан Груби и со случаите на Лотарија, политичката мотивација беше едноставна, колку повеќе ќе му се дозволи на Артан груби да се занимава со незаконити работи и да биде доминантен фактор во владата па и надвор од владините институции во случајот во Лотарија, толку подолго денови недели или месеци Ковачевски ќе биде премиер на државата, истакна Милошоски.
По бегството или пуштањето на Артан Груби ова е најсоодветен термин за трибина на ДПМНЕ, кој ја отсликува реалноста.
Наместо да се соочи со правдата, Груби бил пропуштен да избега. Токму полицајци поставени од Тошковски решиле да го пуштат Груби непречено да ја напушти државата.
Прашањето е зошто ДПМНЕ го пушти Груби, дали е тоа дел од договорот со ДУИ?
Јалови се обидите на ДПМНЕ да се оправда за тоа што дозволи правдата да избега. Очигледно е дека бегството на Груби е реализирано по истото сценарио како и она од летото на Блерим Рамадани. Границата со Косово, под директна надлежност на МВР и министерот Тошковски, останува неконтролирана.
ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски се директно одговорни за бегството на Груби. Тој мора да биде итно спроведен пред лицето на правдата, а Тошковски да се соочи со одговорноста, реагира СДСМ.