Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Внатрешната дебата одлучувачка за решение на спорот

0
By Светлана Јовановска on January 24, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градењето доверба, релаксирани односи и соработка помеѓу Грција и Македонија е една од двете централни точка на средбата што денес во швајцарскиот скијачки центар Давос ќе се одржи помеѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Прва средба на премиерско ниво помеѓу двете земји.

Може да се чини банално повторувањето на оваа реченица за доверба помеѓу двете земји, но тоа е навистина од исклучителна важност. Од проста причина што решението на проблемот со името ќе зависи пред се од внатрешната политичка ситуација и расположението на јавноста во двете земји.

Најавата за денешната средба Заев-Ципрас, што дојде од Владата, ова го потврдува и вели дека “зајакнување на односите меѓу двете земји во контекст на градењето мерки на доверба изминатиот период, како и анализа на досега постигнатото во обновените преговори меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, ќе бидат во фокусот” на овој состанок.

Но, не треба да се очекува ново договорено име од средбата на Заев и Ципрас но туку подобрување на атмосферата во двете земји. А кои се чекорите што двајцата премиери ќе ги договорат во Давос ќе добиеме одговор по средбата.

Никос Цифакис, професор по меѓународни односи на Универзитетот на Пеполонез, тврди за агенцијата АФП и во Грција и кај нас “внатрешната дебата ќе биде решавачката, повеќе од билатералните преговори”.

Во изминатите неколку дена дојдоа повеќе битни изјави и од Скопје и од Атина. Така Ципрас, во интервју овој викенд за “Етнос”, изјави дека името што ќе се употребува не може да биде различно од уставното име што е потврда на ставовите на грчката влада дека Македонија ќе треба да го смени уставот за да може името да биде употребувано и внатре во земјата и надвор од неа.

Преговарачки позиции

Знајеќи дека ова барање тешко ќе помине во Македонија, во Грција се почесто може да се чуе дека грчката јавност нема да го прифати терминот Македонија во новото име на нашата земја. Сепак, многумина мислат дека оваа екстремна позиција на Грција е само преговарачка според теоријата на преговорите во кои се влегува со екстремни ставови за да се дојде до заеднички прифатлив.

Оттука беше многу важно да се види одѕивот на неделниот протест во Солун. Од таа страна Македонија може да здивне. Протестот навистина собра 90.000 луѓе од сите страни на Грција. Но беше далеку од одѕивот на милион луѓе, или секој десетти Грк, што протестираа против Македонија во 90те години. Годинава, ниту грчката црква ниту опозицијата не го поддржаа протестот како што тоа го правеа пред 20 години. Поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос изјави дека само девет од 82 митрополити учествувале во протестот во Солун иако е познато дека православната хиерархија во Грција не прифаќа терминот Македонија да влезе во решението на спорот.

Добар знак е што во Македонија опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ го омекнува ставот. Новиот претседател на партијата Христијан Мицковски за грчки медиуми и потпредесателот Александар Николовски во интервју за НОВА, изјавија дека во македонското оштесто има позитивна атмосфера, дека е добро да трајно се реши спорот и дека треба да станеме членка на ЕУ и на НАТО.

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис одлучи да оди против своите конзервативни претходници и го покажа својот “презир” кон новата “патриотско-националистичка” ерупција.

Тој за грчката агенција АНА-МПА, рече дека во решавањето на еден проблем «треба да ги видиш аспектите на сите инволвирани» и дека треба да биде ставен крај на иредентистичките тензии во односите со Скопје.

Меѓународен притисок врз Грција

Професорот Цифакис предупредува на можен неуспех на преговорите “што би можело да се сврти против Грција”, вели тој. Според него, “европските партнери и тие од НАТО, кои губат трпение, би можеле на крајот да побараат интеграција на соседната земја без претходнот решавање на спорот” и без да се обрнува внимание на опозицијата во Атина.

Меѓународните притисоци врз Грција се дискретни. Деновиве американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат изјави дека сме влезени во идеален период за решавање на спорот и додаде дека промената на власта кај северниот грчки сосед го олеснува процесот.

Вистинските проблеми на Грците

Но, Грците имаат други повитални проблеми а историјата не е дел од нив. Така и денес Грците протестираат против продажбата на недвижнини што се долг кон банките во државата. Веќе со месеци Грците протестираат против продажбата на нивните куќи организирани во инцијативата “Не плаќам”.

Во 2015 година за време на изборната кампања, еден од слоганите на Ципрас и неговата Сириза беше “Ниту една куќа кај банките”. Но, кога дојде на власт не можеше да избега од притисокот на меѓународните позајмувачи кои денес оваа продажба ја поставуваат како услов за нови заеми за грчката држава. Над 10.000 продажби се превидени годинава и 40.000 годишно во наредните три години.

Станува збор за куќи купени со кредит што денес новиот сопственик не може да го враќа бидејќи останал без работа. И што е најлошо, државата не предвидува никаква помош за лицата што се овие продажби ќе се најдат буквално на улица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.