Силните ветрови и отсуството на врнежи од дожд ја отежнуваат борбата на пожарникарите со шумскиот пожар во централна Аризона кој се распламти вчера и кој натера илјада луѓе да ги напуштат своите домови и уништил дваесетина објекти, јавуваат локалните медиуми.
– Не можам доволно да нагласам колку брзо се шири овој пожар и колку е важно да се напушти со оган зафатеното подрачје, изјави Тру Браун пожарникар во Националната шума, Коконино, јавува Ројтерс.
Пожарот наречен „пожар во тунел“ зафатил површина од околу 6.000 хектари додека се ширел северно од Флагстаф во Аризона , изјавиле надлежните лица за гасење на пожарот, пренесува Ројтерс.