Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Австрија претставен предлог-закон за задолжителна вакцинација

0
By Ivana on December 6, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австриското Министерство за здравство го претстави првиот предлог-закон со кој треба да се воведе задолжителна вакцинација во земјата. Како што е најавено, задолжителната вакцинација треба да стапи во сила од 1 февруари следната година.

Според планот на Министерството, сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за вакцинација против коронавирус од 15 февруари.

Оние кои нема да одговорат на рокот, односно нема да се вакцинираат, од 15 март ќе бидат парично казнети.

Предлог-законот предвидува казна за одбивање вакцинација во износ од 600 евра на секои три месеци.

Највисоката парична казна е одредена на 3.600 евра.

Задолжителна вакцинација би важела за сите граѓани од 14-годишна возраст, а ослободени од обврската се трудница и прележани до 180 дена од позитивен ПЦР тест.

Доколку има други здравствени причини, како што е наведено во нацртот, можно е некое лице да се изостави од задолжителната вакцинација. Сепак, тоа мора да биде потврдено од лекар.

Австриската Влада во моментов во соработка со социјалните партнери, струката, како и претставници на граѓанското општество подготвува закон кој наскоро треба да биде доставен до собранието за да се запази четиринеделниот рок за разгледување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.