Небесни игри во космосот меѓу две ѕвезди оддалечени 3 илјади светлосни години, ќе заврши со многу сјајна експлозија што ќе биде видлива и со голо око и светлионата че трае со денови, изјавија астрономите од Универзитетот „Нотингем Трент“.
Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како нова ѕвезда, која силно свети на ноќното небо пред да избледи и исчезне во следните 80 години. Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“ кога осветленоста на ѕвездата бргу се зголемува.
Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе биде тој настан, но верува дека тоа може да се случи во секое време до септември. T Coronae Borealis не е само една ѕвезда, туку две ѕвезди што орбитираат една околу друга.
Она што го прави овој пар толку исклучителен е тоа што одвреме-навреме ја зголемува својата светлина толку многу што станува лесно видлива за нас“, рече астрономот.
Според астрономите, T Coronae Borealis чија светлина е едвај видлива со двоглед на темното небо, ќе се зголеми и ќе биде споредлива со ѕвездите во системот Плуг и ќе биде видлива за голо око.