Околу 1.000 луѓе кои се поврзани со групата „Вагнер“, паравоена група спонзорирана од Русија, се наоѓаат во регионот на Донбас во Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на денешниот брифинг во Пентагон.
„САД гледаат дека Русија станува многу поактивна во регионот на Донбас во последните денови“, рече Кирби.
„Мислиме дека групата Вагнер сега има околу 1.000 луѓе во Донбас“, додаде Кирби.
„Вагнер“ борците дејствуваат во Донбас во последните осум години, така што ова е област во која се искусни“, нагласи портпаролот на Пентагон.