Русија во Донбас, на истокот на Украина, распореди до 20.000 платеници од Сирија и од Либија, но и од други земји, тврди службеник од Европската Унија (ЕУ).
„Платениците се пратени во борба без тешка опрема и оклопни возила. Се користат како пешадија против украинските сили“, додаде тој, пренесува „Гардијан“.
Вели дека платениците биле регрутирани од Вагнер групата, чиј организатор наводно се наоѓа во Донбас.