Седумдесет и шестгодишниот А.Ш. од тетовско Шемшово, вчера (21 септември) во 17 часот и 40 минути во СВР Tетово пријавил дека, вршејќи ископ во дворот од семејната куќа, пронашол неексплoдирана тромблонска мина. Извршен бил увид и било констатирано дека мината потекнува од 2001 година, по што била подигната и транспортирана од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување.