Ромите се особено ранливи кога станува збор за државјанството. Илјадници луѓе во регионот немаат изводи од матичната книга на родени или било какво признание од страна на државата при што овие лица ги ставаат во ризик како лица бездржавјанство кои не можат да ја докажат својата националност – се наведува во извештајот „Ромите припаѓаат“ кој беше презентиран денеска.
Извештајот е подготвен од страна на Европскиот центар за ромски права (European Roma Rights Centre, Институтот за бездржавјанство и инклузија (Institute on Statelessness and Inclusion), Европската мрежа за бездржавјанство (European Network on Statelessness), во соработка со националните проектни партнери Општеството за правна помош Тирана (Tirana Legal Aid Society – Албанија), Здружението Вашите права БиХ (Vasa prava BiH Association – Босна и Херцеговина), Македонското здружение на млади правници (Македонија), Млади Роми (Црна Гора), Праксис (Praxis – Србија) и Десетти април (Desyate Kvitnya – Украина).
Луѓето без државјанство може да имаат потешкотии при пристапување кон основните права како што се образование, здравство, вработување и слобода на движење. Без овие нешта, целиот живот може да се соочуваат со пречки.
Главната пречка за добивање на документи се сложените административни системи и процедури. Авторите на извештајот повикуваат на итна реформа со цел полесно да се добијат клучните документи кои се потребни за докажување на идентитетот и националноста.
Извештајот е објавен пред годишнината на кампањата на iBelong на УНХЦР (UNHCR). Лансирана од УНХЦР во 2014 година, кампањата iBelong се стреми да го искорени бездржавјанството за една декада насекаде низ светот.

