НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Истанбул договорен „житен коридор“ – Украина ќе извезува житарки, Русија се обврза на безбеден премин на бродовите

0
By Sashko on July 22, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: news.sky.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија и Украина, денеска во Истанбул потпишаа важен договор, со посредство на Обединетите нации (ОН) и на Турција, за обновување на испораките на жито што би можело да ја ублажи глобалната прехранбена криза.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу и Александар Кубраков, министер за инфраструктура во украинската влада, потпишаа одвоени, но идентични договори со официјлните претставници на ОН и на Турција за повторно отворање на блокираните црноморски пристаништа за испораки.

„Украинските претставници рекоа дека не сакаат да стават потпис на ист документ со руските претставници поради петмесечната инвазија врз земјата“, наведува агенцијата АФП.

„Денеска имаме светилник во Црното Море кој нѝ дава надеж и можност да донесеме олеснување за светот што е повеќе од потребно во овие тешки времиња“, рече Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН, пренесува „Ројтерс“.

Тој ги повика Русија и Украина да се придржуваат во целост кон потпишаниот договор.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пак, рече дека договорот ќе помогне во спречување на глад, како и раст на цените на храната во светот.

Што пишува во договорот?

Договорот ѝ овозможува на Украина да извезе 22 милиони тони житарки и други земјоделски производи кои остана заглавени во силосите на црноморските пристаништа поради војната.

Воените делегации на Русија и на Украина минатата недела постигнаа начелен договор за планот на ОН кој би ѝ овозможил на Москва да извезува жито и ѓубриво.

Гутереш рече дека планот, познат како „Црноморска иницијатива“, ќе отвори пат за извоз на значителен обем на храна преку Одеса, Черноморск и Јужњи, трите водечки украински пристаништа во Црното Море.

„Тоа би било олеснување за земјите во развој кои се наоѓаат на раб на банкрот и за најзагрозените луѓе кои се наоѓаат на раб на глад. Тоа ќе помогне за стабилизација на глобалните цени на храната кои достигнаа рекордни нивоа и пред војната и претствуваат вистински кошмар за земјите во развој“, порача Гутереш.

Украина е еден од петте најголеми светски производители и извозници на пченица, на пченка и на сончогледово масло, но руската инвазија и поморската блокада на пристаништата ги запреа испораките.

Дел од житните култури се транспортира низ Европа преку железнички, патен и речен сообраќај, меѓутоа цените на клучните производи како на пченицата и на јачменот „скокнаа“ за време на петмесечните воени дејствија.

Денешниот договор гарантира безбеден премин на бродовите.

Во Истанбул ќе биде воспоставен контролен центар во кој претставници на Русија, на Украина, на Турција и на ОН ќе управуваат со процесот на координација.

Според договорот, бродовите ќе бидат подложни на инспекции за да се осигура дека не носат оружје. Подољак инсистираше дека ниту еден руски брод не може да ги следи товарните бродови и да не може да има руски претставници во украинските пристаништа. Притоа додаде дека Украина планира моментен воен одговор „во случај на провокации“.

Руските и украинските претставници во изминатите недели меѓусебно се обвинуваа за блокадата за извоз на житарки. Москва ја обвини Украина дека не ги отстранила морските мини во пристаништата и инсистираше на сопствено право да врши проверки дали бродовите кои доаѓаат носат оружје.

Украина, пак, тврдеше дека руската блокада на пристаништата и лансирање на проектили од Црното Море ги оневозможуваа испораките.

Киев бараше и меѓународни гаранции дека Кремљ нема да ги користи безбедносните коридори за напади на Одеса, главното украинско црноморско пристаниште.

Украинските власти, исто така, ја обвинија Русија за кражби на жито во источна Украина и за намерно гранатирање на украинските полиња со цел за нивно спалување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.