Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Кaрпош ќе биде отворен првиот центар за адолесценти и лица со аутистичен спектар и атипичен развој

0
By Ivana on October 26, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Каднидат за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски денеска пред објектот на Амбулантата во Тафталиџе 1, заедно со Виктор Исјановски – советник во Општина Карпош, одржаа средба со претставници од Здружението на граѓани „Во Мојот свет“ и родители на деца со аутистичен спектар и атипичен развој, каде беше разговарано за проектот – Прв центар за адолесценти и лица со аутистичен спектар и атипичен развој во општина Карпош.

– За жал, аутизмот во нашата држава и општина е многу реален и може да погоди било кого. Тој претставува развојно  нарушување со неколку основни карактеристики: тешкотии во говорот, јазикот и невербалната комуникација, тешкотии во социјалната интеракција и тешкотии со внатрешниот говор. Но сепак, аутизмот е и повеќе од ова, повеќе од она што го читаме и гледаме во нашето опкружување или на социјалните мрежи. Аутизмот претставува начин на живот, секојдневно справување со предизвиците кои ги  носи, истрајност, многу љубов и поддршка од страна на семејството, истакна Весковски.

Од овие причини, како што рече, во мандатот како Градоначалник се обврзувам на територија на општина Карпош, поточно во неискористениот дел на објектот на Амбулантата во Тафталиџе 1, да се отвори Првиот Центар во Градот и Општината кој  ќе биде наменет за адолесценти и лица со аутистичен спектар и атипичен развој и поддршка на членовите на нивните семејства.

Центарот ќе овозможи индивидуална работа и индивидуален третман за секој корисник од страна на стручни лица, специјален едукатор и рехабилитатор, психолог и логопед.

Центарот ќе спроведува активности кои ќе им овозможат на адолесцентите со аутистичен спектар поголема социјализација, стекнување со животни и работни вештини кои им се потребни во секојдневните животни активности и кои ќе обезбедат нивна поголема самостојност. Центарот ќе биде опремен со дневен престој, прилагодена кујна, потоа соба за физички активности, соба за музички активности и соба за арт терапија.

Дополнително се обврзувам надворешниот простор околу Центарот да биде соодветно обезбеден, соодветно уреден со реквизити и помагала за терапевтски и физички активности  во надворешни услови за овие лица како и хортикултурно уреден.

Овој Центар ќе го отвориме како одговор на барањето на голема група на родители кои имаат адолсценти со аутистичен спектар. Активноста ќе се спроведеврз основа на потпишаниот трипартитен Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство, Здравстен Дом – Скопје и Здружението на граѓани „Во Мојот свет“ – истакна Душко Весковски, каднидат за градоначалник на Општина Карпош.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.