Омикрон сојот на корона вирусот стигна и во Косово. Таму се потврдени девет случаи на заболени со новиот сој на корона вирусот, соопшти денеска Институтот за јавно здравје од Приштина.
Од Институтот наведуваат дека се тестирани 22 примероци од кои девет биле позитивни, пренесува Газета експерс.
Во соопштението од Институтот се прецизира дека омикрон сојот е потврден кај две лица кои дошле од СAД, кај две кои допатувале од Лондон и кај едно лице кое во Косово пристигнало од Франција.
Омикрон сојот е откриен кај уште четири лица од Косовска Митровица кои негирале дека патувале или дека биле во контакт со лица од странство.