Приштина: Во четири општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население денеска се одржува гласање за разрешување на градоначалниците, а ако услов за одржување нови локални избори во тие општини, откако минатогодишните избори косовските Срби ги бојкотираа.
Портпаролот на Централната изборна комисија на Косово, Валмир Елези, на прес-конференција соопшти дека се отворени сите избирачки центри во општините Лепосавиќ, Северна Митровица, Зубин Поток и Звечан.
Бројот на граѓани со право на глас за процесот на гласање за или против смена на градоначалници од функциите во четиерите општини е 46.556 гласачи,а за да биде успешно гласањето треба да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин, а во случај излезноста да биде помало од 50 отсто, тогаш гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.