Во Лвов, град на западот на Украина, вечерва се огласија сирените за опасност од воздушни напади. Голем број на лица се повлекоа во засолниште во трговски центар во градот.
Меѓу нив има и лица со мали деца, со бебиња и со домашни миленичиња.
Луѓето се мирни и се фокусирани на нивните мобилни телефони во потрага по повеќе информации, пренесува „Би-Би-Си“.