Светскиот ден на астматичарите, согласно календарот на Светската здравствена организација (СЗО), годинава се одбележува на 3 мај и станува збор за сериозно хронично заболување кое достигнува бројка до 300 милиони лица во светот од сите возрасни групи, напиша вечерва министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил.
Министерот Сали наведува дека бројот на заболени со астма во нашата држава изнесува меѓу 80.000 до 100.000 лица.
„Една од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на живот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови кои овозможуваат подобар исход во лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест“, напиша министерот Сали на Фејсбук.