Во тетовското јавно обвинителство денеска пристигнал извештајот од МВР, односно од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од увидот што беше направен на местото на пожарот на Модуларната болница во Тетово во којшто изгореа 14 пациенти кои се лекуваа од корона.
Воедно се очекува да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки.
Извештајот од МВР и извештајот што треба да го направат германските експерти кои исто така извршија увид на местото на пожарот треба да ги дадат одговорите за причините како избувнал пожарот и како цела болница изгоре за неколку минути.