Во понеделник (30.05.2022 год.) ќе почне етапната исплата на мајските пензии кои ќе бидат за 1.000 денари поголеми 330.000 пензионери, согласно договорената директна финансиска помош за три месеци, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за лицата кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
- Исплатата на пензиите до 11.000 денари ќе се изврши во понеделник (30 мај);
- Исплатата на пензиите од 11.001 до 14.000 денари ќе се изврши во втрорник (31 мај);
- Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе се изврши во среда (1 јуни) и
- Исплатата на пензиите над 18.001 денари ќе се изврши во четврток (2 јуни).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите ќе можат да располагаат од 30 мај (понеделник), со подигнување на средства од банкомат, со користење на средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.