Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во рамки на кампањата „Денови за донирање“, вчеравечер се одржа добротворна модна аукција

0
By Marija Todorovska on October 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на кампањата „Денови за донирање“, вчеравечер се одржа добротворна модна аукција.  Шеснаесет модни дизајнерки и дизајнери донираа модни парчиња кои беа ставени на добротворна аукција и од кои се собраа донации во износ од над 160.000 денари за донаторскиот фонд на Конект од каде со грантови ќе се поддржат програми на граѓански организации. Годинава фондот ќе поддржи активности за заштитата на нашите шуми од пожари, едукацијатаВ на младите, развојот на децата со попреченост со помош на технологија и првата „изнајмувачница“ на помагала за сограѓаните кои се борат со ракот.

На специјалното шоу водено од гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“, Огнен Јанески и Никола Трајковски од Конект, над 120 присутни, вљубеници во модата и филантропијата се наддаваа донирајќи за мало богатство на дизајни на Никола Булески, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, „Алшар“ на Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Катерина Тошева, Terziya, „Bella“, „Milkbride“, Александар Стојанов – Зорин и студентите на „Скала“: Сара Величковска, Михаела Штерјова, Татјана Гиновска, Марија Трајковска, Снежана Ефковска под менторство на Никола Булески, Александар Ношпал, Катерина Тошева и Антонија Гугинска Јорданоска.

„Модата е многу повеќе од само облека, таа е двигател на културата и начин на живот кој мора да стане одржлив и погрижлив за луѓето, живиот свет и природата. Од тука тргна и инспирацијата на креативниот тим на овој уникатен настан во кој секој донира дел од својата креативност, ресурси и душа. Се радуваме што ова станува традиционален настан и филантропско движење на македонските креативци.“ изјави Виктор Мирчевски, програмски директор во здружението Конект и дел од креативниот тим што волонтерски работеше на каталогот за аукцијата во чија продукција беа вклучени студенти на „Скала“ (Тео Костовски и Ана В’чкова) под менторство на фотографот Дејан Џолев.

„Денови за донирање“ е национална кампања на Конект што ги инспирира поединците, семејствата, бизнисите и заедниците да се здружат и заедно да донираат на низа начини и настани достапни во календарот на кампањата до почетокот на декември, како и на www.opop.mk и телефонската линија 143 333 за споменатите иницијативи. 

Иницијаторот на добротворната модна аукција, модниот дизајнер Никола Булески – Буле, изјави:  “Раката што дава не се суши – е позната македонска поговорка која отсекогаш ме инспирира. Сите ние во одреден период од животот имаме потреба од подадена рака. Низ мојот развој честопати ми беше потребна помош и ја добивав од блиски луѓе, но и од само познаници кои прераснаа во мои пријатели. Не можев на сите да им возвратам со иста мера, но научив како да го следам нивниот пример и да помагам на други на кои навистина им е потребна помош. Не за да покажам колку сум моќен, туку да станам подобар човек и да помогнам во градењето на подобро општество.“

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од здружението Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

денови на донирање модни дизајнерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.