Вкупно 361 дете се убиени, а над 714 повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, информира украинското државно Обвинителство на „Телеграм“, пренесува агенцијата „Укринформ“.
„Над 1.075 деца во Украина се погодени од руската вооружена агресија. Од 18 август 2022 година, бројот на загинатите остана непроменет (361 дете). Бројот на повредените надмина 714 деца“, се наведува во извештајот.
Овие податоци не се конечни, бидејќи се истражуваат во областите на воените дејствија, привремено окупирани и ослободени области.
Во моментот, најмногу жртви се регистрирани во регионот Доњецк (376), регионот Харков (200), регионот Киев (116), регионот Чернихов (68), регионот Луганск (61), регионот Миколаев (60), регионот Херсон (55) и регионот Запорожје (40).
Вчера со руски проектил беше погодена станбена куќа во Харков, пришто беше повредено 12-годишно девојче. Руските напаѓачи гранатираа и станбена инфраструктура во Красноград, регионот Харков, при што повредија уште едно 12-годишно девојче.
Вкупно 2.328 образовни институции беа оштетени ширум Украина како резултат на секојдневните воздушни и артилериски напади на Русија, а 289 од нив беа целосно уништени, јавува „Укринформ“.
Извор: frontline.mk