Руските сили држат во заробеништво околу 700 украински војници, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.
„Што се однесува до армијата, ние, во принцип, имаме приближен сооднос: имаме повеќе од 700 нивни затвореници, а тие имаат приближно ист број“, рече Верешчук.
Таа додаде дека „руските војници зеле повеќе од 1.000 цивили, од кои пола биле жени“.
„За жал, има многу наши цивили во заробеништво. Тие заробија над 1.000 луѓе и, за жал, околу 500 од нив се жени. А ние, очигледно, постојано ќе повторуваме дека нема да менуваме војници за цивили, тоа е забрането со Женевските конвенции. Ние нема да го прекршиме меѓународното хуманитарно право и затоа бараме ослободување на цивилите без никакви услови и префрлање на украинска страна“, рече Верешчук.