Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во САД одобрен оралниот лек на „Pfizer“ против коронавирусот

0
By Ivana on December 22, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри лек во форма на таблета кој може да спречи сериозни компликации од коронавирусот.

Таблетата на Фајзер била 89 проценти ефикасна во намалувањето на ризикот од тешка форма на болеста и смрт од коронавирус и се покажала и ефикасна против омикрон.

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, проценил дека ќе бидат спречени 1.200 смртни случаи и 6.000 хоспитализации на секои 100.000 пациенти со коронавирус кои ја примаат оваа терапија.

Овие резултати ги надминуваат оние што ги објави „Merck & Co“ за својот лек молнупиравир, за кој минатиот месец се покажа дека ги преполовува шансите за смрт или хоспитализација на пациентите со Ковид, кои се изложени на висок ризик за тешко заболување.

Првите резултати на Фајзер се засноваат на клинички испитувања на нешто повеќе од 1.200 пациенти кои имале Ковид-19 и ризик од развој на потешка форма на болеста, како што се дебелината или возраста. Во рок од неколку дена од почетокот на првите симптоми, некои добивале лекови од Фајзер, а други плацебо.

Се покажлоа дека 0,8 отсто од оние кои примиле лекови од Фајзер во рок од три дена од почетокот на симптомите биле хоспитализирани, а никој не починал во рок од 28 дена од третманот. За споредба во плацебо групата имало 7 проценти хоспитализирани пациенти, и седум смртни случаи, пишува Индекс.хр

Компанијата Фајзер вели дека е подготвена веднаш да започне со испорака на лекот во САД.

Таблетата на Фајзер е првиот орален антивирусен лек одоберен од ФДА, кој е специјално дизајниран за борба против Ковид. Одобрувањето доаѓа во клучен момент во пандемијата, бидејќи болничките системи низ САД се погодени од бран на делта инфекцијата и сега се подготвуваат за уште еден бран на пациенти заразени со многу позаразната варијанта омикрон.

Лекот е нова алатка во арсеналот за борба против Ковид.

Додека вакцините се покажаа како ефикасни во спречувањето на развивање тешка форма од вирусот, на давателите на здравствени услуги им требаат лекови за лекување на десетици милиони луѓе во САД кои сè уште не се вакцинирале.

Таблетата, доколку се испорача на време, може да помогне во ублажувањето на оптоварувањето на системите за здравствена заштита за време на очекуваниот бран на инфекции со омикрон, пренесе Си-Ен-Би-Си.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.