Изречени се вкупно 265 сообраќајни мерки во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции.
За недавање првенство на минување на пешаци изречени се 59 казни, 16 мерки за возење без возачка дозвола, како и 56 прекршоци што ги чинат пешаците.
– Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за непрописно престројување на возила, 48 за непрописно паркирање, соопштија денеска од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.