На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, додека 20 мерки се за недавање предност на пешаци, 81 санкција за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, 65 за непрописно паркирање.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.