Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Скопје гостуваат водечки теоретичари на културата

0
By on March 3, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Под заеднички наслов „Еманципација на отпорот, создавање на заедничко знаење наспроти подленоста“, од 5 до 7 март, во клубот Гем, Контрапункт организира предавањата и презентации на тројца водечки европски теоретичари на уметноста и културата: Сузана Милевска , Марина Гржиниќ и Дмитри Виленски од познатиот руски уметнички колектив „Chto delat?“

Милевска, Гржиниќ и Виленски ќе отворат прашања поврзани со концептите на политичкото и естетското, нивните допирања и одбивања, ќе говорат за разликите и сличностите на самоорганизираното образование и неговите позитивни и негативни ефекти, како и дали самообразовните концепти и практики влијаат врз општествените промени во добата на дигиталната и мрежна размена на знаења.
– Во фокусот на овој настан е да се отвори прашањето како да се развијат еманципациските практики на отпорот, како политичкото и естетското можат да бидат ефикасни и да произведуваат нови општествени вредности на теориско и на практично рамниште. Како критички да размислуваме и дејствуваме преку активистички и уметнички практики, како да развиеме политичка одговорност во рамките на уметничката и социо-културната сфера, имајќи го на ум политичкиот контекст каде што слободата на изразување и на перформативност е речиси руинирана.
Воедно ќе се акцентираат следните прашања: Дали ни е потребна директна конфронтација за да допреме до одредени важни политички и социо-културни прашања? Како интерферираат новите медиуми, социјалните мрежи со „агората“? Колку естетското е заложник на политичкото и обратно?
Првичната возбуда од улогата на „новите“ медиуми е завршена. Социјалните мрежи се дел од вообичаеното секојдневие, уште еден од каналите на комуникација, а ние имаме достапност до информациите повеќе од кога и да е во човечката историја. Но, сепак, овде во Македонија, живееме во општество каде што правото на слободно изразување и на критичка дебата и акција исчезнуваат. Токму затоа ни е важно да осознаваме, истражуваме и практикуваме можни тактики и алатки преку кои критичката мисла ќе биде слушната. Воедно, од исклучително значење е ре-артикулацијата на теориското и естетичкото во релација со политичкото.
Дополнително ќе се анализираат различни практики на само-организирано знаење. Воедно ќе се отвори прашањето дали авто-дидактизмот во контекст на ограниченостите на формалниот образовен систем има капацитет да изгради проактивни, ефикасни форми на дејствување во општеството. Ќе се разгледува улогата и политичката одговорност на критичкото промислување на поединецот, културниот работник, теоретичарот, уметникот, „мислителот на сцената“ особено во овие наши псевдо-капиталистички контексти каде е убиено правото на мислење и правото на политичка перформативност. Ќе се дискутираат можностите за конфронтација на нерамноправниот систем на знаења со транс-локална колаборативност, имајќи ја на ум се поголемата контрола која постојано им се заканува на дигиталните мрежи и нивната отвореност во споделувањето на знаењето: да се претворат во затворен, ексклузивен систем, соопштуваат од Контрапункт
Програма:
5 март, 19:30 – 21:00, Сузана Милевска
Уметноста на владеењето со знаењето (читај: моќта)[предавање и дискусија]

Постојат многу различни простори, процеси и модели на учење и знаење вон институционалните образовни институции. Оваа презентација пред сѐ ќе се однесува на потенцијалите на овие алтернативни образовни модели и контексти (колаборативност, партиципативност, Web 2.0 заедниците на социјалните мрежи и други слични интерактивни платформи), но и на внатрешните контрадикции и ограничувањата на хоризонталните и алтернативни модели на образование. Имено, иако тие тежнеат кон споделување и продукција на радикално и дехиерархизирано знаење сепак неминовно функционираат во ист општествено-политички и културен контекст како и самите институции на образованието, власта и моќта.

6 март, 19:30 – 21:00, Марина Гржиниќ
Издигнувањето на политичкиот субјект [предавање и дискусија]

Целта на предавањето е да се отвори прашањето за некои значајни протести коишто се случуваат деновиве во Словенија и Австрија; едниот е таканареченото Словенечко сеопфатно востание во Љубљана и останатите словенечки градови, кое ги претставува илјадниците протестери на улиците коишто бараат оставка од сегашната словенечка влада и сегашниот премиер. Вториот случај се протестите на бегалците во Виена и во ЕУ кои се однесуваат на неиздржливата состојба на бегалците во време на глобалниот капитализам во Европа. Некои од поентите развиени во релација со овие протести/востанија ќе ги допрат прашањата на современата состојба и нејзините статус, форма и привилегии. Оваа последна поента ќе биде поврзана со уметноста на проектот развиван во неколку декади во Словенија: IRWIN: Neue Slovenische Kunst- состојби во времето.

7 март, 19:30 – 21:00, Дмитри Виленски
„Што да се прави- помеѓу трагедијата и фарсата?“ [Презентација на методите на работа на групата Chto Delat]

Платформата Chto delat? е основана со цел да се спојат политичката теорија, уметноста и активизмот во раните 2000-ти (2003), во Санкт Петербург од страна на работна група составена од уметници, критичари, филозофи и писатели од Санкт Петербург, Москва и Нижни Новогород. Работната група се ангажира во разновидни уметнички проекти вклучувајќи видео, инсталации, интервенции во јавен простор, радио програми, институционална критика и мјузикли. На оваа презентација, Дмитри Виленски (еден од основачите на Chto delat?) ќе презентира некои од клучните концепти и проекти на колективната работа во контекст на моменталната политичка состојба во Русија.

Организатор на проектот е Контрапункт.

„Еманципација на отпорот” е дел од проектот Проширено естетско образование: Уметничкиот експеримент и политичка кулутра во доба на мрежи, во соработка со: Мултимедијални институт (Загреб), kuda.org, (Нови Сад), Контрапункт, (Скопје), Berliner Gazette (Берлин) и Mute (Лондон).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

ВЕСТИ November 2, 2025

Утрово во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето…

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.